Македонија

Малески: Ако владата прими бегалци од Британија да бидеме добри домаќини

Да се прифати договор со Лондон ако безбедносна анализа покаже дека ќе нема последици за Македонија

Професорот и екс министер за надворешни работи Денко Малески е еден од ретките во јавноста кој нема проблем со прием на азиланти кои би биле протерани од Велика Британијаи преку Македонија заминат дома.

 

Иако владата веќе негираше дака ќе доаѓаат бегалци од Велика Британија Малески во својата последна колумна пишува ако македонската влада склучи договор за трансфер на бегалци со стратешкиот партнер Велика Британија и тие преку нашата територија заминуваат за трети земји тоа треба да се прифати ако безбедносна анализа покаже дека ќе нема последици за Македонија.

Во тој случај Малески бара Македонците да бидат добри домаќини кон овие луѓе во неволја.

 

,,И кога со полициски и воени рации ќе биде протеран и последниот од десетината милиони нелегални емигранти во САД, пак ќе остане шаренилото на народи од кои е составена американската нација од 350 милиони души. Читајќи го Трамп што пишува за Европа, по аналогија, испаѓа дека идеалното решние за Америка би било враќање кон некоја форма на бела супремација. Тогаш, зарем Америка веќе не е веќе „цивилизациски избришана“?!

 

Признавам, ние кои сме приврзеници на концептот на либералната држава, не треба да бидеме водени само од нашите емоции кон луѓето и нивните човекови права, туку и од реалностите дека европските држави ќе ја бранат својата територија од „окупација“ и својата нација од „бришење“ при неконтролиран наплив на мигранти од несреќните држави на Азија и Африка. Зашто, Норвешка, на пример, е богата држава со малку население ама секако широко не би се отворила за наплив на мигранти. Или Данците, најсреќниот народ на планетата, нема да ја споделат среќата со мигранти кои не се асимилираат во локалната култура. Западниот свет сега „по паметот на Трамп“, почнува акции на „чистење“ од типот кој сега ќе го применува нашиот стратешки партнер Велика Британија. Ако, пак, нашата влада склучи договор за трансфер на бегалци со стратешкиот партнер преку нашата територија, да го направиме тоа како што треба, со издржана безбедносна анализа за последиците. И, ако се покаже безбедно, да бидеме добри домаќини кон овие луѓе во неволја во која никој од нас не би посакал да се најде.

 

Но, вакви акции, заедно со бодликавиот тел на влезовите на Европа се само времено решение. Трајното решение е инвестирање во мирот и развојот на „Третиот свет“, како што ги нарекувавме некогаш. А, кога веќе има економски развој не би било лошо да имаат и демократско уредување согласно универзалната желба на народите во светот за лична слобода и одговорна власт. И ете не повторно назад на старата тема: за универзалниот човечки порив за слобода и демократија. Не, со Трамп не е крај на историјата и на демократијата. Да ја елиминираме опасноста од светска нуклеарна војна околу Украина, да се прилагодиме на мултиполарноста на свет во кој големите сили ќе бидат задоволни од статус квото и приматот на „реалистите“ ќе остапи пред приматот на „идеалистите“ во дебатата на еден свет во постојани промени. Првите („реалистите“) кои велат дека меѓународната политика е истите проклети нешта одново и одново, со војната како постојан сопатник, а вторите („идеалистите“) кои веруаат во нејзина трансформација на подобро, слично на промените внатре во државите, и светскиот мир како остварлива цел”, пишува, Малески во колумната.

Најнови вести од: Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Само македонски изведувачи за Новата година – Тамара Тодевска и Каролина Гочева во фокус

Скопје се подготвува за магичното дочекување на Новата 2026 година со богата прослава на плоштадот „Македонија“, чии главни ѕвезди ќе бидат познатите македонски пејачки Тамара Тодевска и Каролина Гочева.

Наскоро ќе се распише тендер за набавка на 80 електрични автобуси за Скопје

Ако се земе предвид сето она што досега го реализирал премиерот, Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, верува оти наредната година граѓаните на Скопје, конечно, по многу години, ќе добијат соодветен градски превоз.

Гаража во Скопје продадена за 30.000 евра, становите во Охрид поскапи за 27%

Најмногу купопродажби во првото шестмесечје од 2025 година се направен во Аеродром – 562, Гази Баба – 555 и Карпош – 527 купопродажби, а најмалку во Бутел, 176 купопродажби. Највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар, 65,8 милиони евра, Карпош, 56,7 милиони евра, Аеродром, 47,9 милиони евра, а најниска во Штип, 10,0 милиони евра.

Нема Новогодишна кошница – таквите мерки имале само привремен ефект, велат од Влада

Државниот пазарен инспекторат повторно ќе излезе на терен заедно со Комисијата на заштита на конкурентност, уште еднаш да направат детална инспекција на маркетите и да се констатира нивното однесување. Сепак, тоа не значи и дека Владата ќе воведе мерки за заштита на потрошувачите.

Најнови вести

To top