Свет

Мерц: Германија ќе го ограничи приемот на бегалци

„Притисокот врз нашите градови, градови, училишта, болници и инфраструктура достигна критична точка“, изјави идниот германски канцелар Фридрих Мерц. Мерц, кој на 6-ти мај треба да ја преземе функцијата најави дека новата сојузна влада ќе се обиде да го ограничи бројот на бегалци кои бараат азил на не повеќе од 100.000 луѓе годишно „Тое е нужност, […]

„Притисокот врз нашите градови, градови, училишта, болници и инфраструктура достигна критична точка“, изјави идниот германски канцелар Фридрих Мерц.

Мерц, кој на 6-ти мај треба да ја преземе функцијата најави дека новата сојузна влада ќе се обиде да го ограничи бројот на бегалци кои бараат азил на не повеќе од 100.000 луѓе годишно

„Тое е нужност, а не политички избор“, рече идниот канцелар.

Мерц најави суспендирање на обединувањето на семејствата на бегалците и преземање масовни депортации, во согласност со коалицискиот договор меѓу неговиот блок ЦДУ/ЦСУ и Германската Социјалдемократска партија (СПД).

Тој најави и дека на границата ќе се воведат механизми за враќање на мигрантите, додавајќи дека веќе е започната координација со соседните земји.

Според официјалните податоци, Германија во 2024 година регистрирала речиси 230.000 барања за азил, што околу 100.000 помалку од претходната година, но сепак двојно повеќе од целта поставена од идниот канцелар.

Политиката на Ангела Меркел во 2015 година, кога одлучи да ги отвори границите на Германија за над 1 милион бегалци – главно од Сирија, Авганистан и Ирак – беше опишана како „храбра и хумана“, но и длабоко раздор во општеството.

Додека многумина го поздравија овој потег како пример за европска солидарност, други го критикуваа како почеток на интеграциска криза, културни тензии и пораст на екстремно десничарските сили во Германија и низ Европа.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top