Македонија Бизнис

Без зурли и тапани Владата го заврши најтешкиот дел од делницата Дреново-Градско

Пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа, порача владејачката партија. Од таму реагираат на обраќањето на опозициската СДСМ во врска со завршувањето на патниот правец низ Фаришката клисура, дел од експресниот пат Дреново – Градско. Од владејачката партија порачуваат дека кога СДСМ зборува за инфраструктурни проекти, граѓаните првин се сеќаваат […]

Пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа, порача владејачката партија. Од таму реагираат на обраќањето на опозициската СДСМ во врска со завршувањето на патниот правец низ Фаришката клисура, дел од експресниот пат Дреново – Градско. Од владејачката партија порачуваат дека кога СДСМ зборува за инфраструктурни проекти, граѓаните првин се сеќаваат на зурли, тапани и на чочек.

  • „Чочекот е единственото што СДСМ знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се потсетува на моментот кога, како што велат, „дружината на СДСМ со плехот влезе во тунелот при пуштањето на готовиот автопат Демир Капија – Смоквица“.

Оттаму тврдат дека опозициската партија ги кочела проектите што ги наследила, наведувајќи како пример дека автопатот Миладиновци-Штип бил готов, но „СДСМ го кочел 2 години бидејќи требало само да постависигнализација.

  • „Ама и не е човек да им се лути – толку знаат и толку умеат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека проектите не ѝ припаѓаат на ниедна партија, туку се реализираат за доброто на граѓаните.

Од партијата истакнуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е „посветена и интензивно работи на реализација на капитални инфраструктурни проекти“, наведувајќи го пуштањето во употреба на експресните патишта Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново, како и изградбата на најтешкиот дел од таа делница – Фаришката клисура.

Паралелно со тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се работи на Коридорите 8 и 10Д, а во план е и изградба на експресна пруга од Табановце до Гевгелија.

  • „Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ги поставува и ги гради темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, заклучуваат од владејачката партија.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по изјавата на пратеникот на СДСМ, Миле Талески, кој тврди дека опозициската партија со посебно задоволство го одбележува завршувањето на патот низ Фаришката клисура – дел од експресниот пат од Дреново до Градско, нарекувајќи го „проект од огромно значење за Прилеп, Битола, Ресен и за целиот Пелагониски регион“.

Според него, проектот – вреден над 33 милиони евра и долг 10,2 километри – „го заврши Владата на СДСМ“, а ВМРО-ДПМНЕ „за цела една година успеа да санира едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, дел од сигнализацијата и од оградите“.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top