Македонија

Нема кампови, ќе има пријави: Мицкоски со тврд став против СДСМ и паниката која ја создадоа меѓу граѓаните

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе достават документи до општинските совети со кои ќе се гарантира дека нема да се градат мигрантски кампови, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе достават документи до општинските совети со кои ќе се гарантира дека нема да се градат мигрантски кампови, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Целта на оваа иницијатива е да се потврди ставот на партијата против нелегалната миграција и да се смират граѓаните. Истовремено, Мицкоски ги повика надлежните институции да покренат постапки против функционерите на СДСМ за ширење страв и паника, согласно Кривичниот законик.

„Кога веќе официјално стигнува демант од Претседателот на Владата, од соодветните министерства… мислам дека сега од тој момент па натаму вие го поминувате Рубиконот и вие свесно, и покрај демантите, ширите паника и страв помеѓу граѓаните. За тоа во кривичниот законик се предвидени одредени санкции. Јас ги повикувам соодветните органи да излезат од тие октоирани стеги на претходната влада… и против овие лица да покренат процеси“, рече Мицкоски.

Според него, иронично е што обвинувањата доаѓаат од СДСМ, партија чија влада, како што тврди тој, во минатото гласала за изградба на прифатни центри.

Најнови вести од: Македонија

Уништени, или оштетени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв – ги сечеле со брусилка!

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни, информираат од Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје. Зимската маркација била поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложиле значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Штетата се проценува на најмалку 8.000 евра.

Претседателката на Македонија Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за македонската делегација, најбројна досега на Медитеранските игри

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова.Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите

Училишна кошничка со попуст до 15 проценти, Владата ќе ја разгледа нацрт-одлуката на 25 август

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд.

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

Најнови вести

To top