Македонија

Именувана Наташа Крстевска Цалева за В.Д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје

На 9 декември, Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање

На вчерашната седница на Советот на јавни обвинители, Наташа Крстевска Цалева, беше именувана за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје.

Должноста ќе ја извршува до изборот на нов шеф на обвинителството, но не подолго од шест месеци.

На почетокот на неделава, на 9 декември, Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање.

Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Тој категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во врска со бонусите на СЈО.

 

Најнови вести од: Македонија

ЗНАМ: Пендаровски отвори сериозни прашања за правниот систем

Од партијата посочија дека изјавите на Пендаровски упатуваат на можни политички договори за амнестии и враќање на лица обвинети или осудени за тешки кривични дела, како и за измени на Кривичниот законик кои подоцна имале значително влијание врз системот на кривична одговорност.

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода,но не била прифатена

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи мерка притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби при јавни набавки и коруптивни дејствија.

АХВ спречила тони небезбедна храна да влезат во Македонија

Повеќе од 367 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во изминатите две години, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето на институцијата и Светскиот ден на безбедноста на храната

To top