Македонија

ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите.

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда.

Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои може институционално и аргументирано да се проверат ваквите наводи.

Интегрален текст од реакцијата на ЗНМ по прес-конференцијата на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

To top