Македонија

Дали лекарска грешка довела до смрт на бебето на Клиниката за гинекологија и акушерство?

Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на државната клиника за гинекологија за починато бебе кој треба да утврди дали имало лекарска грешка. Од клиниката уверуваат дека се преземени сите мерки и постапки за објективна истрага и најавуваат мерки доколку се утрдат пропусти. Скопското обвинителствцо оформи предмет.

Министерот за здравство, Азир Алиу, нареди вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа и стручен надзор, во врска со смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство на 1 октомври, за што во јавноста беа објавени документи од интерни изјави дека станува збор за лекарска грешка.

Од Министерството за здравство изразија сочувство до семејството и информираа дека целта на контролите е целосно утврдување на околностите и расветлување на случајот. Посочуваат дека постапката ќе биде спроведена професионално, стручно и транспарентно, со цел јавноста објективно да биде информирана за наодите и за преземените активности. Оттаму апелираат да се почекаат резултатите од инспекцискиот и од стручниот надзор, како и обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртниот исход, за да не се создава немир кај семејството и во јавноста.

  • „Министерството за здравство, заедно со инспекторатот, ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај и за преземените активности од стручен аспект“, се наведува во соопштението.

Министерството потсетува дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терцијарна здравствена установа со законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи и најави дека јавноста ќе биде навремено информирана по добивањето на сите наоди.

Комисијата за здравство на СДСМ побара итна оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска-Папестиев, поради, како што наведува, прикривање случај со смрт на новородено бебе и сомнежи за лекарска грешка.

  • Родителите биле уверувани дека смртта била неизбежна, додека интерни документи од Клиниката укажуваат на сериозни пропусти во лекувањето – изјави Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ.

Според партијата, началничката на интензивна нега писмено пријавила дека несоодветно лекување и 20-минутна реинтубација довеле до компликации и смрт на бебето, а директорката, иако била известена, два месеци не го пријавила случајот. Оттаму бараат целосна и независна истрага и одговорност од сите инволвирани, без разлика на функцијата или хиерархијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top