Македонија

АХВ ги проверува новогодишните пакетчиња – откриени мали недоследности

По спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите, како што информираат од АХВ, биле спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи, при што утврдени се минимални недоследности.

По спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезбедна храна.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и поради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издале четири решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање збирни декларации на пакетчињата.

„ Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите, како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности“, се вели во соопштението од АХВ.

Агенцијата, како што информираат, и во наредниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.

Најнови вести од: Македонија

Децата пушат цигари на 9 години, алкохол на 13, а се клукаат и со седативи, марихуана, кокаин

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

Апел: Ранливите категории скопјани да останат дома

Се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека […]

To top