Македонија

Битолчанецот што Сонцето од Кутлеш го замени со Ванчо Михајлов доби билборд во Бугарија

Условната затворска казна му донесе таква популарност на Љупчо Георгиевски во Бугарија што претседателот на избришаниот културен центар на Бугарите „Ванчо Михајлов“ во Битола не се симнува од тамошните медиуми, а доби и билборд.

„Осуден зошто е Бугарин во Македонија“ пишува покрај ликот на „гордиот ванчомихајловист“, како што се самодекларира на судењето за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, верска и расна основа со величањето на фашистичкиот соработник во Втората светска војна.

Не толку одамна новопечениот „благонадежен“ Бугарин, во чија полза на судењето во Битола сведочеше лично поранешниот премиер и имењак Љупчо Георгиевски, се претставуваше како „горд Македонец“, фотографирајќи се со македонското национално и три години државно знаме со Сонцето од Кутлеш:

Најнови вести од: Македонија

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

To top