Бизнис

Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос на мај лани е показател дека индустријата зазема стабилен курс на раст. Во објава на Фејсбук, Димитриеска Кочоска потенцира дека најголем пораст има во рударството, од 18,8 проценти. Во преработувачката индустрија, наведува министерката, растот изнесува […]

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос на мај лани е показател дека индустријата зазема стабилен курс на раст.

Во објава на Фејсбук, Димитриеска Кочоска потенцира дека најголем пораст има во рударството, од 18,8 проценти.

Во преработувачката индустрија, наведува министерката, растот изнесува 9 проценти, со најголем придонес од: Прехранбена и текстилна индустрија, Производство на пијалаци, фармацевтски и хемиски производи, Производство на електрична опрема, возила и мебел.

– Ова се силни сигнали дека индустријата зазема стабилен курс на раст – поддржуваме домашно производство, извоз и економски развој!, пишува Димитриеска Кочоска.

Како што објави Државниот завод за статистика денеска, според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 проценти, Капитални производи за 13.5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 9 проценти.

Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Околу 103 километри патишта досега се рехабилитирани, целосно обновени, новоизградени или се во фаза на изградба

Се купуваат 49 возила од различен тип, кои треба да му помогнат на Град Скопје и на другите општини за подобрување на состојбата со хигиената

Музиката, винилот и врвниот звук на едно место: Утре во Diamond Mall се одржува Интернационалниот саем на музика, винил и аудио опрема

Во текот на целиот ден, почнувајќи од 10.00 до 22.00 часот, посетителите ќе можат да истражуваат богата понуда на винилни плочи, компакт дискови, музички сувенири, ретки и колекционерски изданија, како и аудио опрема

УЈП и Шведската даночна администрација одржаа прв состанок на заедничкиот проект за модернизација

Според УЈП, проектот претставува значајна поддршка за спроведување на стратешките реформи на УЈП и е директно поврзан со реализацијата на стратешките иницијативи „Премин во дигиталниот свет“ и „Силна администрација – здрава кондиција“. Преку трите компоненти – модернизација на деловните процеси и дигитализација, внатрешно управување и човечки ресурси, како и комуникација и управување со промени, проектот ќе придонесе за понатамошно јакнење на институционалните капацитети и трансформација на даночната администрација.

Славески-Желињски: Продлабочување на соработката за одржливиот економски развој и финансиската вклученост

Гувернерот Славески ја истакна и поддршката што ЕБОР ја обезбедува за финансирањето обновливи извори на енергија во земјава, како придонес за јакнењето на енергетската сигурност во земјава. На средбата беше потврдена заедничката подготвеност за понатамошно продлабочување на институционалната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР, особено во областите на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, одржливото финансирање и зајакнувањето на отпорноста и стабилноста на финансискиот систем.

Славески од Приштина: Финансиската стабилност мора да остане приоритет во дигиталната ера

Гувернерот посочи дека криптосредствата и дигиталните пари сè повеќе стануваат дел од современиот финансиски систем. Нивниот потенцијал за иновации е значителен, но нивниот развој мора да биде придружен со соодветна регулатива, ефективен надзор и внимателно управување со ризиците.

Митреска: За побрз и поодржлив раст потребни се поголема продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

Македонската економија и натаму е силно интегрирана со Европската Унија, каде што се пласираат 76% од домашниот извоз, Германија учествува со околу 40% во вкупниот извоз. Оваа интеграција донесе значителни придобивки преку странските директни инвестиции, трансферот на технологии и повисоката додадена вредност во извозот, но истовремено ја нагласува потребата од понатамошна диверзификација на извозната структура и инвестициските текови.

To top