Македонија

Чулев: Судот утврди дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски

Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука

Правдата победи – но, борбата за правична држава продолжува. По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат, објави поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев.

Чулев, во објава на својот профил на Фејсбук, нагласува дека се обраќа „пред сè како човек и родител кој помина низ години на понижување, клевети и неправда“.

-Со години бев цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од претходната власт. Незаконски ми беше одземен безбедносниот сертификат и незаконски бев отпуштен од работа. По долга и исцрпувачка борба, судовите во Македонија тоа јасно го утврдија и го запишаа во своите пресуди, нагласува Чулев.

Тоа, посочува Чулев, беа години на јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз моето семејство и моите деца.

-Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука и затоа што јавно зборував за корупцијата и аномалиите во системот. Ќе бидам искрен – тоа беше период кога човек лесно може да се скрши. Неправедни обвинувања, закани и нехумани притисоци, рушење на угледот и болката кога твоите деца трпат за нешто за што не се виновни, се исклучително тешки. Но, правдата, колку и да е бавна, со вера и истрајност, сепак доаѓа, пишува Чулев.

Оваа објава, нагласува тој, не ја пишувам за освета, ниту за саморекламирање, туку за вистината да биде јавно запишана.

-Да се знае дека човек може да биде понижен, но не мора да биде скршен; дека може незаконски да му се одземе работната позиција, но не и достоинството, искуството и знаењето; и дека вистината, иако привремено сокриена, секогаш излегува на виделина. Ова не е само моја приказна. Многу луѓе и денес водат битки по судови за да ја докажат својата невиност и да ја вратат честа и професионалниот интегритет. Тоа е симптом на поширок проблем – политички прогон и злоупотреба на институциите кои ја разоруваат довербата во државата и ги уништуваат семејствата, нагласува Чулев.

Чулев, јавно им заблагодарува на семејство, на пријателите, сограѓаните и меѓународните партнери кои не поверуваа во лагите, како и на сите кои, како што вели „ме поддржаа – јавно или тивко, тогаш кога беше најтешко“.

-Ќе продолжам да се борам за општество во кое никој нема да биде гонет затоа што мисли поинаку, во кое институциите нема да бидат алатка за политички прогон и во кое честа, професионалноста и интересите на Македонија ќе бидат пред сè, нагласува Чулев.

Наќе Чулев е поранешен министер за внатрешни работи. Тој на оваа функција стапи по изборот на новата техничка влада на 3 јануари 2020 и на должноста е до 25 јули 2020 година. Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање од март 2013 до март 2017 година, а од 2017 до 2019 генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

To top