Македонија

Минчев: 2025 година беше година на суштински промени во јавната администрација

На брифингот беа презентирани клучните законски и институционални реформи

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на брифинг со новинарите одржан денеска истакна дека 2025 година претставува година на важни и системски промени насочени кон изградба на професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација, во согласност со европските стандарди.

„Наша обврска кон граѓаните и кон јавноста е да бидеме прецизни и одговорни, и за сработеното и за тоа што следува. 2025 година беше година на суштински, а не козметички реформи во јавната администрација“ – нагласи министерот Минчев.

На брифингот беа презентирани клучните законски и институционални реформи меѓу кои:донесувањето на системските закони од областа на јавната администрација, унапредувањето на управувањето со човечките ресурси,јакнењето на капацитетите на административните службеници, дигитализацијата,подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите.

На крајот од брифингот, министерот Минчев им се заблагодари на медиумските претставници за нивниот интерес, професионалност и континуирано следење на реформските процеси, посакувајќи успешна нова година и продолжување на соработката и отворениот дијалог и во 2026 година.

Министерството за јавна администрација уште еднаш ја потврди заложбата за транспарентност, отвореност и партнерски однос со јавноста и медиумите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top