Македонија

Курир: ЗНМ двојни аршини кон НОВИНАРИТЕ: За про-СДС мајка, за сите „останати“ не е ни маќеа

,,Што ќе беше ако се работеше за СДСМ портали, ги има десетици на платниот им список со формат на „Војна и мир“

Порталот Курир.мк објавува редакциски коментар НА БИЗАРНАТА ПОДЕЛБА НА „ВАШИ И НАШИ“ во врска со нападот на СДСМ врз Бранко Героски и реакцијата на ЗНМ кој ви го пренесуваме:

Цели 7 часа по девијантаната објава на СДС за еден од доајените на македонското новинарство (сакале да признаеме или не) Бранко Героски, ЗНМ не се изнамачи да направи каква и да е прес-конференција и собра некаква си бенигна храброст само и само за да напише едно млако и „ради реда“ соопштение, во кое како и секогаш, ги повика СДСМ да се обратат до нивните „Тела“, кои за жал или не, по непишано правило се составени од новинари (или екс новинари) кои целата своја кариера го одобрувале и воспевале ликот и делото на истата таа партија од Бихаќка. Имиња, нема да споменуваме, не, ние не сме СДСМ. Можете сами да си проверите кој ги раководи и членува во овие „тела“, со по некој чесен исклучок меѓу нив, аферим. Во фелата, се знаеме сите, да не се лажеме, нели…

И така, откако СДСМ влезе во мизерен, мизантропски и крајно хејтерски филм за Бранко Героски и напиша, овојпат во класична улога на Гринч (кој сака да го уништи Божиќ, денеска е празник за католичките ни сограѓани) „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО“, како што пулените на Филипче го нарекуваат Героски „најискусниот припадник на специјалната единица на кујната на ВМРО. Познат уште од времето на Груевски, член на елитната ‘панцир’ единица – Фрљо“. ЗНМ на крајот на истито ден пиша нешто бенигно, во вид на осуда. Толку. Без прес-конференции, без галама, небаре е толку нормално партија да трола колега, без никаков усул и скрупули, кооперациски и крајно перфидно.

Не само тоа, квалификациите се повеќе од лични. Опозициската партија во нејзиното ултра-хејтерско соопштение се занимава со меморијата на уредникот Героски при што вели дека таа целосно му откажала. Героски е посочен и дека „не се сеќава на сопствениот удел во српскиот свет“ (со кој се опседнати како во некој лош филм), како и дека „лично го вметна инвестирањето во вештачката интелигенција како еден од најважните столбови на новата програма на ВМРО“.

„Иако Фрљо не е обичен бот, тој сепак е една напредна (да не кажеме – српска напредна) машина на која очигледно ѝ недостига замена на работната меморија. Можеби во тоа може да му помогне неговиот стар воен другар, ветеран Латас. До тогаш, додека не ја замени меморијата, да го потсетиме дека некогаш одамна напиша книга со наслов ‘Биди новинар’. Му предлагаме да ја прочита и можеби да се потсети на некои основи на слободното новинарство“, се наведува во соопштението од „расположената“ за хејтање СДСМ. Еве, тролан е уште еден доаејн во фелата, Латас.

Во второ соопштение, пак за саде половина час од првото (резултат на тежок хејтерски немир или иљачот на Јон е во прашање, поверојатно тој самиот) под наслов „Манасије – дигитален дарител“ СДСМ повторно се занимава со Героски нарекувајќи го „Св. Геро – заштитникот на сите ВМРО-ботови“.

„Геро редовно ја следи модата, па дури знае и кое сако го носи нашиот претседател“, се наведува во ова луцидно соопштение од СДСМ.

Пораката по социјалните мрежи е СДС пи-ар ергелата да намали со очебијната употреба на „иљачот“ на новата „прва пушка“ во партијата, Фрле Јуниор, оти им штети не само на здравјето, туку и на рејтингот кој и онака е во длабок минус.

И по сета оваа СДС мизерија, ЗНМ смогна сили да го напише само ова?!

„Во дописот, потсетуваме дека евентуални забелешки за работата на новинарите треба да се изразуваат преку постојните механизми за саморегулација, како што се Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ, а не преку јавни дискредитации. Дополнително, до СДСМ беше посочено и на обврската, согласно сопствениот статут, за целосно почитување на човековото достоинство, права и слободи.

ЗНМ апелира до политичките партии своите битки и политички препукувања да си ги водат меѓусебно, а не на грбот на новинарите. Исто така, бараме да се покаже одговорност во јавната комуникација, да се воздржат од навреди и омаловажување и да го почитуваат интегритетот на новинарите и медиумските работници, како предуслов за слободен, плуралистички и демократски јавен простор.“

Не само ова, кога СДС на прес-конференција која ја држеше надобудната и секогаш со нова фризура Кузеска, на која јавно ги жигосуваше КУРИР, ВЕЧЕР.МК и РЕПУБЛИКА, во копи-пејст манирот, збор до збор идентично (за да не се мачат многу) кога не се во прашање СДСМ порталите и медиумите, напиша:

„Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда.

Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои може институционално и аргументирано да се проверат ваквите наводи“.

Да се работеше за СДС портали, ги има десетици на платниот им список со формат на „Војна и мир“, најверојатно ќе протестираа пред владата, а можеби ко што велат некој колеги – ќе корнеа коси, ќе лелекаа и ќе испратеа дописи до сите „Репортери без граници“, EJC, амбасади и кој веќе не.

Арно ама, многу идникативно или не, ова се медиуми кои со години се критички настроени кон лажните вести на СДС за мигранти, имагинарни повреди на слобода на говор, можеби следно и окупација од Марсовци….

Сегашен претседател на ЗНМ е Младен Чадиковски, а фелата, познавајќи го, не сака да верува дека ова е резултат на неговите дејанија, туку на неговите „придружни тела“ и СДС-атавизми во здружението кое одамна тера тројни аршини кон своите колеги. Време е, крајно, за објективност, непристрасност и професионализам во работата на ЗНМ, ве молиме, не се враќате во времињата на наследниците на Маче (Бог да го прости) како Роберт Поповски кој на грбот носеше „Тука сме, тепајте“ порака насочена кон тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, за да малку подоцна СЛУЧАЈНО стане министер во забеганата и најантимакедонска влада на Заев. Следуваше неговиот соработник Селмани, кој во „шарената“ се покажа во вистинското светло. По едно конзистентно и непишано правило, секогаш и секогаш против ВМРО-ДПМНЕ и контра медиумите кои се VS СДС. Чудна постојаност, премиса која не се менува во здружението.

Ајде, за промена, оправдајте ги парите и значајот кој амбасадите, колегите и државата ви го даваат. Бидете фер. ама кон сите, не за едни мајка, за други ни маќеа. Ова е крајно и досега невидено безобразие и ултра-приземен однос на една партија кон етаблирани новинари, кои некој може да ги сака или не, но не смее да оди со лични навреди, квалификации и ваков кооперациски однос. Замислете само, утре некој да ги нападне поради ова, а вие не сте направиле нешто. Физички, не вербално, некое послушно членче на партијата, кое сака да се покаже и докаже пред „лидерот“ и да ги оправда квалификативите содржани во соопштенијата на СДСМ. Партија, која во последни време, можеби и поради влијанијата на психотропните супстанци на Јон и на него самиот, шири невидена ксенофобија во Македонија кон мигрантите, за да сето тоа постојано го зачинува со силна доза на омраза кон македонски новинари кои не им одговараат на луцидниот и мизантропски наратив.

Заштитете ги колегите, затоа сте тука, барем во описот на вашата програма. ССНМ исто. Надминете ги партиските спреги и врски кај одредени членови, бараат насушно вашите „други“ колеги, десетици, стотици, кои децении работат рамо до рамо со вас и можеби, имаат друг поглед кон светот, но не клеветат и не лажат, туку само нивните ставови и написи не кореспондираат со желбите на една удбашка каста од Биќака. Знаете, да можеа, ќе не пратеа и на Голи Оток, ама не можат пустите, за жал на многумина. Аман, зарем не сфаќате дека утре истото ќе го напишат и за вас и за кој било колега, со ваквите бледи реакции им давате изим и ветер во едра за да го прават ова во недоглед.

И да, не пишувајте само, направете и некоја прес-конференција, за ваши браќа по оружје (пенкало и тастатура) се работи.

Та, и Геро едно време беше со нив, но тоа нели е слободата на говорот, го кажувате тоа што го мислите, мислите со свои глави, без предрасуди, минати „трудови“, растете, се развивате, сфаќате…

Поинаку, останува горчливото чувство на поделби и двојни аршини. Атак врз новинар е напад врз колега, независно дали се „ваши“ или наши. Такво нешто постои само во главите на политичарите, во овој случај Бихаќка. Така тие и функционираат, цела своја историја од независноста па навака го прават истото. Подели па владеј. Ставете крај на овие глупости кои одговараат некому, но не и на фелата…, се вели во реакцијата на Курир.

Најнови вести од: Македонија

Граѓаните на Куманово ќе протестираат поради ретроактивно оданочување на приходи од странство

Организаторите на протестот најавуваат дека ќе бараат повлекување или ревидирање на решенијата, како и јасно и недвосмислено толкување на даночните обврски, за да се избегнат, како што велат, неправди и финансиски удари врз илјадници семејства.

(Фото): Граѓаните на протест побараа дислокација на „Усје“, од компанијата велат дека работат исправно и чесно

Дислокација на фабриката „Усје“ надвор од градот, побараа денеска граѓаните на протестот на раскрсницата меѓу булеварите Борис Трајковски и Србија“ во Скопје, на околу 5 километри од центарот на градот. Како што рекоа организаторите на протестот, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, цементарницата континуираното го загадува воздухот во Скопје.

Без ниту еден глас против, донесен е буџетот на Град Скопје – следува преродба на градот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против, со што се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот. Новиот буџет претставува јасен доказ дека со ред, визија и одговорна работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните и иднината на Скопје.

Нападот на СДСМ врз Героски отвора можност за две истраги на Јавното обвинителство

За втората основа ќе биде интересно да се анализира како се движеле парите од јавните кон тајните сопственици на Слободен Печат што може да доведе до истрага за кривични дела поврзани со финансиски криминал

Касами: Го бараме најдобриот модел час поскоро коалицијата Вреди да стане една партија и за избор на нејзин лидер

Претседателот на Движењето Беса Билал Касами, кој е и еден од лидерите на коалицијата Вреди, денес се осврна на спојувањето на оваа коалиција во една партија. За ова, тој нагласи дека се во комуникација со сите функционери на Вреди. Касами додаде дека секој член на секоја партија има право да ги искаже своите ставови за натамошниот пат на Вреди, за да можат, како што рече, да го пронајдат најкраткиот и најдобриот пат да стане Вреди една политичка партија час поскоро.

Стандардот, минималецот, струјата и балансерот на политички мегдан – жестока дебата во Собрание

Жестока расправија во Собранието меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче за енергетската криза, поскапувањето на струјата и политичките обвинувања.

Шиповиќ: Половина од Извршниот одбор се „омрсија“ додека беа на власт! Оваа банда на криминалци ни го украдоа СДСМ!

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен претседател на Советот на скопската општина Центар Мирослав Шиповиќ се нареди меѓу оние социјалдемократи, кои  жестоко го критикуваат сегашното партиско раководство дека е заинтересирано само за лични придобивки. Тој е член на СДСМ и поранешен претседател на Советот на Општина Центар во 2013 година во периодот кога Андреј Жерновски беше градоначалник.

Најнови вести

To top