Една од нашите најуспешни компани „Макпетрол“ АД Скопје објави дека на вработените деновиве им исплатила новогодишен надоместок во висина од 500 евра.
За оваа инфорамција Макпетрол објави преку Македонска берза, согласно Правилата за котација.
– Имајќи ги во предвид залагањата на вработените за извршување на работните обврски, а по повод Новогодишните празници, Макпетрол АД Скопје, објавува дека, на своите вработени им исплати новогодишен надоместок во нето износ од 30.000 денари.
Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и истата претставува дел од корпоративната политика на Макпетрол АД Скопје – се нагласува во нивната објава.
Инаку во текот на летните месеци компанијата извести дека на своите вработени им исплатила по 48 илјади денари за регрес за годишен одмор.