Бизнис

(Видео): Семејниот бизнис се гради со визија, преземање ризици и со инвестиции, сметаат бизнисмените

Со повеќе од 15 години искуство во металното производство и фабрикација, Зоран Илиевски, главен оперативен директор и менаџер за развој на бизнисот „Актива“ ДОО Штип, зборува за развојот на семејниот бизнис, неговата трансформација во извозно ориентирана компанија и за клучните фактори за одржлив развој, поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. Неговата компанија во Штип е основана […]

Со повеќе од 15 години искуство во металното производство и фабрикација, Зоран Илиевски, главен оперативен директор и менаџер за развој на бизнисот „Актива“ ДОО Штип, зборува за развојот на семејниот бизнис, неговата трансформација во извозно ориентирана компанија и за клучните фактори за одржлив развој, поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. Неговата компанија во Штип е основана во 1999 година, а на здрави темели ја поставил неговиот татко, кој го изградил фундаментот на компанијата и кој своето знаење и искуство несебично им ги пренел на своите деца. Денес компанијата успешно ја водат членовите на семејството комбинирајќи традиција, иновативност и современо менаџирање.

Својата професионална кариера Зоран Илиевски ја започнал како инженер по компјутерско инженерство и автоматизација во семејната компанија, а денес како главен оперативен директор на компанијата и како менаџер за развој на бизнисот раководи со тим од над 550 вработени. „Актива“ работи во неколку стратешки сектори: автомобилската индустрија, градежништвото, железничката индустрија и GSE (опрема за сервисирање земја).

Зборувајќи за резултатите од своето раководење, Илиевски истакна дека компанијата го зголемила производството за околу 60%, а бројот на вработени за повеќе од 30 %, достигнувајќи повеќе од 580 вработени. Денес „Актива“ ДОО извезува на пазарите во Европа и во Северна Америка и соработува со реномирани меѓународни компании: „Тисен Круп“ Германија, „Ван Хол“ Белгија и „Фастглобал солушн“ САД. Дополнителен чекор за присуство на меѓународните пазари е стекнувањето на Сертификатот за учество во НАТО-тендерите (2024), со што компанијата доби пристап до НАТО-пазарот.

Во поткастот Илиевски ја нагласи поддршката од локалната самоуправа посочувајќи дека соработката со градоначалникот на Штип треба да претставува позитивен пример за тоа како треба да функционира партнерството меѓу бизнисот и локалната власт. Зборувајќи за спецификите на семејната компанија, тој посочи дека тие носат предности и слабости. Судирот на генерации и различните визии за идниот развој може да бидат слабост, но брзото носење одлуки, флексибилноста и подготвеноста за преземање ризици се клучните предности.

  • „Во семејните компании преземањето одредени ризици, континуираните инвестиции и иновации и носењето побрзи одлуки, без чекање одредени процедури карактеристични за големите компании, придонесуваат за побрз раст и за приспособливост на новите чувствителни пазари. Но неопходно е да се изгради и второ ниво на менаџмент, кое активно ќе учествува во управувањето и кое ќе преземе голем дел од одговорностите за компанијата да може да биде иновативна и самоодржлива“, истакна Илиевски.

Зборувајќи за иднината на „Актива“, тој потенцираше дека растот на компанијата мора да се темели на јасна визија и конкретен план за наредните 5 до 10 години. Тоа подразбира  континуирано реинвестирање на добивката, следење на новите технологии и трендови во металургијата и преземање ризици со нови инвестиции во нови проекти. За растот, според него, придонесува и соработката со странските компании, од кои може да се учи и да се црпат искуства. „Најважно е развојот да биде насочен кон нови производи и услуги со поголема додадена вредност“, заклучи Илиевски.

 

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top