Македонија

Ветвендосје на Курти победи на изборите, но дали ќе има мнозинство гласови, за да формира самостојно влада на Косово? – Честитка од Меџити

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди, испрати честитка до премиерот Албин Курти по неговата нова изборна победа во Косово. „Добра вест доаѓа од Косово. Уште една победа за Албин Курти и Самоопределување. Албин, големо задоволство е да ја видам вашата нова победа, дури поголема од претходните избори. “ – посочи, покрај другото, Меџити во својата честитка. Тој додаде дека „од Скопје ја потврдува својата поддршка за демократските процеси во Косово“.

Косовската партија Ветвендосје (Самоопределување), предводена од Албин Курти, освои 49,99 отсто гласови на изборите на 93 отсто преброени гласови. Ако успее да добие 50 отсто, или повеќе гласови, тогаш ќе може самостојно да формира влада. Косово денеска гласаше за новиот состав на својот парламент, по вторпат за 11 месеци. Вонредните парламентарни избори беа неопходни, бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9 февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот, ниту да формира влада. Оттогаш новиот парламент остана заглавен, не успевајќи да се договори за изборот на раководството и затоа не можеше да работи.

Курти управува со Косово од 2021 година со реформска агенда, која досега имаше мешани резултати, пренесува германската агенција ДПА. Меѓутоа, тој се надева на нова победа на овие избори како и во 2021 година, кога практично сам можеше да формира влада. Ако не успее повторно да освои мнозинство од гласовите, тогаш ќе се постави пак пред него прашањето: дали клучните политички играчи ќе бидат подготвени овој пат да направат компромис за да овозможат коалициска влада?

„Поранешната српска покраина, чие население е речиси исклучиво составено од Албанци, прогласи независност од Србија во 2008 година по востанието и интервенцијата на НАТО во 1999 година.“ – потсетува германската агенција. Косово е признаено од повеќе од 100 земји, но не од Русија, Србија, Грција или Шпанија. Се смета како можен кандидат за пристапување во Европската Унија, пренесува ДПА.

Најнови вести од: Македонија

Нови правила на патарините од 15 јуни – Што мора да знаат возачите?!

На сите наплатни станици во државата стапуваат на сила новите правила за користење на лентите за електронска наплата, со кои лентите означени со „M-Tаг“ ќе бидат резервирани исклучиво за возилата што користат електронски тагови. Од ЈПДП потсетуваат дека со оперативните измени во системот за наплата се укинува можноста корисниците на M-Кард да плаќаат на M-Tаг лентите. Наместо тоа, тие ќе треба да ги користат другите ленти на наплатните станици, согласно со нивната намена.

Еден човек се здоби со полесни изгореници во пожарот кај штипско

Во акцијата за гаснење и локализирање на пожарот учествуваат едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, како и работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, полициски службеници и екипи на Итната медицинска помош.

Голем пожар кај Долани и Љуботен: Огнот се шири кон борова шума, пожарникарите на терен

Во пожарот едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица, информираат од Центарот за управување со кризи.

МојДДВ повторно достапен, граѓаните и жалеа на неколку-дневни прекини

Во изминатите денови, при обид за пристап до апликацијата, корисниците добиваа порака „Нема конекција до УЈП“, поради што не можеа да ги евидентираат фискалните сметки за поврат на ДДВ. Засега нема официјално соопштение од Управата за јавни приходи за причините за повеќедневниот прекин, ниту за тоа кога системот целосно ќе се стабилизира.

To top