Свет

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал, како што го опиша, „добар и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, непосредно пред закажаниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Флорида.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Трут соушал дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа пред средбата со Зеленски што е закажана за денеска во Мар-а Лаго на Флорида.

  • „Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот Путин на Русија“, објави Трамп и додаде дека средбата со Зеленски ќе се одржи во главната трпезарија на Мар-а-Лаго и дека новинарите се поканети да присуствуваат.

Кремљ, исто така, потврди дека се одржал разговорот меѓу двајцата лидери. Одделно, во претходна објава, Трамп ја фали улогата на неговата администрација како глобален миротворец, осврнувајќи се на новодоговореното примирје меѓу Камбоџа и Тајланд, и сугерирајќи дека Обединетите Нации биле од „мала помош“ во решавањето на конфликтите, вклучително и Украина.

  • „Можеби Соединетите Американски Држави стануваат вистинските Обединети нации“, напиша Трамп, сугерирајќи дека Вашингтон презема сè поцентрална улога во меѓународната дипломатија.

Средбата со Зеленски се одвива во чувствителен момент, додека на терен продолжуваат борбите и меѓусебните обвинувања меѓу Киев и Москва, а дипломатските сигнали од Вашингтон внимателно се следат и во Европа и пошироко.

Најнови вести од: Свет

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

To top