Македонија

Сопственикот на локалот Јужна пруга добил „пломба“, откако си заминале инспекторите си продолжил по старо

Со тоа, тој манифестирал непочитување на службен акт, нарушувајќи ја службената функција и попречувајќи го нормалното функционирање на институциите.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против сопственикот и управител на угостителскиот објект „Јужна пруга“ во Скопје, поради сомнение дека сторил кривично дело симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на објектот претходно му била изречена забрана за вршење дејност со решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром, кое било истакнато на влезната врата.

Осомничениот го отстранил решението, а при контролата инспекторите констатирале дека објектот продолжува да работи, со присуство на гости.

Со тоа, тој манифестирал непочитување на службен акт, нарушувајќи ја службената функција и попречувајќи го нормалното функционирање на институциите.

Јавниот обвинител побара од Судот да определи мерка на претпазливост – забрана за вршење угостителска дејност – додека трае постапката, за да се обезбеди спроведување на решението од инспекциските служби.

Најнови вести од: Македонија

Просечната оценка од полагањето матура е 3,66, – подобри оценки по јазици и математика

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, што претставува 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Учениците на кои им бил поништен тестот, заедно со оние што отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија.

(Видео): Ќе нема поскапување на струјата, рече премиерот

Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти полни и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето за граѓаните и за индустријата. И нема да правиме панични прес-конференции, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Жештини, невремиња и пожари: Сè поголем товар за инфраструктурата

Научниците предупредуваат дека не може секој поединечен топлотен бран директно да се припише на климатските промени. Сепак, според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), глобалното затоплување придонесува ваквите екстремни временски појави да стануваат сѐ почести, поинтензивни и подолготрајни.

To top