Свет

Зеленски им ја честиташе Новата година на Украинците со верба за можен мир

Зеленски на Фејсбук напиша дека 2025 година е „овозможена“ благодарение на украинските војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им ги честиташе новогодишните празници на Украинците, истакнувајќи дека 2025 година е обележана со посветеноста, отпорноста и секојдневната работа на Украинците.

Зеленски на Фејсбук напиша дека 2025 година е „овозможена“ благодарение на украинските војници.

– Одиме напред заедно со она што нè држи, искуството и сеќавањето, мајчиниот јазик, надежта и верата. Со себе ја носиме способноста за соработка и човечноста. Она што, и покрај сè, го имаме. Веруваме во мир, се бориме за него и работиме на него, наведе Зеленски.

Најнови вести од: Свет

Рускиот претседател кој остана запомнат по анегдотите за неговото пијанство

Борис Елцин беше контроверзна личност, а неговото владеење беше обележано со бројни скандали поврзани со неговите лични пороци што дополнително му го нарушија угледот. Еден од најпознатите пороци на Елцин беше алкохолизмот…

Новата 2026 најпрво ќе пристигне на пацифичката островска држава Кирибати

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд 1 јануари во 13 часот по македонско време

Кина започна со целосната блокада на Тајван: Островот во паника извади “Абрамс” на улица (ВИДЕО)

Вежбите започнаа на 29 декември, само 11 дена по објавата на САД за рекордна продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари. Кинеското Министерство за одбрана ги осуди продажбите како провокација и најави „силни мерки“.

Не праветеја истата грешка: „Епл“ со важно предупредување до корисниците на Ајфон

Apple препорачува уредите да се полнат на тврда и рамна површина, со добра вентилација, како и да се избегнува нивно покривање со ткаенина или други материјали. Дополнителен ризик претставува користењето неквалитетни или неоригинални полначи и кабли, кои можат да предизвикаат прегревање, краток спој или други безбедносни проблеми. Затоа, се советува употреба на оригинална или сертифицирана опрема.

To top