Свет

Бројот на загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 25

Украинскиот претседател Зеленски во разговорот со финскиот колега Стубе побара ракети за ПВО „Патриот“

Бројот на жртви од рускиот напад врз Киев во текот на ноќта се искачи на 25, објави вечерва шефот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко.

Тој објави на Телеграм дека операциите за пребарување и расчистување на урнатините сè уште се во тек на една од локациите во областа Дарница во Киев, па затоа е можно да бидат пронајдени повеќе тела, објави Укринформ.

Претходно беше објавено дека најмалку 21 лице загинало во рускиот напад врз Киев.

Се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во разговор со финскиот колега Александар Стубе побара ракети за противвоздушните системи „Патриот“.

„Важно е светот да не молчи за денешниот исклучително циничен руски напад врз нашиот народ. Ви благодарам за вашите зборови на сочувство и подготвеност да ни помогнете. Балистичката ракетна одбрана е невозможна без доволен број ракети за системите „Патриот“. Ова е наш највисок приоритет во моментов. Разговаравме кои партнери можат да помогнат и како точно. Ќе работиме на тоа“, порача Зеленски.

Од Москва, пак, масовниот напад со балистички проектили со долг дострел и со ударни дронови го објаснија како одмазда за украинските напади врз руска територија.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top