Македонија

Од Бихаќка тврдат: СДСМ ја продолжува борбата за правда, против криминалот и корупцијата

Партијата вели дека секој што го прекршил законот мора да понесе одговорност

Во своето денешно соопштение за јавност Центарот за комуникации на Бихаќка тврди дека СДСМ ја продолжува борбата за правда, против криминалот и корупцијата.

 

Во соопштението се зборува за случајот со ,,Марковски компани” која во време на владеењето на СДСМ доби стотици милиони евра од државни тендери.

 

,,Антикорупцискиот тим на СДСМ внимателно го следи постапувањето на институциите. Случајот за којшто е покренато обвинение против „Марковски компани“, сопственикот на оваа компанија и други лица мора до крај да биде расчистен и секој што го прекршил законот да одговара.

 

АКТ силно ги поддржува акциите против криминалот и корупцијата кои се транспарентни, издржани и поткрепени со докази.

 

Но, јавно предупредуваме дека досега, Обвинителството, ДКСК, Финансиската полиција немаат преземено ништо за објавените скандал и поднесените пријави за криминал и корупција од страна на АКТ на СДСМ.

 

161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други чекаат институционална реакција и одговорност.

 

Јавното обвинителство да не ги штити функционерите на власта, туку да отвори предмети и да постапува согласно законите и доказите.

 

Секој што се прекршил законот мора да понесе одговорност!

 

СДСМ ја продолжува борбата за правда, против криминалот и корупцијата.

 

Работата не е завршена”, стои во соопштението на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Дали тајната служба потфрли? : Венс изнесен пред Трамп, додека претседателот падна на подот среде евакуацијата (ВИДЕО)

Засега, официјалните изјави нагласуваат дека сите високи функционери се безбедни и дека ситуацијата е ставена под контрола. Сепак, видеата што брзо се раширија низ социјалните мрежи продолжуваат да предизвикуваат дебати за безбедносните протоколи околу највисоките претставници на американската власт.

To top