Македонија

Земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ни го оспорат идентитетот

Посебно во овој регион идентитетот е сложена категорија

Премиерот Христијан Мицкоски беше кристално јасен, нашиот идентитет се нашиот јазик, нашата историја и нашата многувековна култура градена низ комплексни, тешки времиња која е најголемото богатство што го имаме како држава, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во врска со вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

– Посебно во овој регион идентитетот е сложена категорија. Да, за жал, и во 21 век е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат, но за нас нема дилема дека историските личности како Делчев, Груев, Сандански се дел од нашиот идентитет, како што се и прекрасните манастири, преубавите џамии. Нашиот идентитет е и соживотот, но и јазикот што го зборувале нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци и апсолутно никој нема право да го оспори тоа, односно, да го оспори нашето право да го почитуваме она што е дел од нас како Македонци – рече Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по македонско-италијанскиот бизнис форум во Скопје.

Еврокомосерката за проширување Марта Кос вчера на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски порача дека идентитетот не е предмет на политичко одлучување. Идентитетот според, неа се и македонските специјалитети како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки.

Мицкоски во репликата на изјавата на Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети, туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.

– За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но, тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

За ексминистерот за внатрешни работи на Албанија Демирај Вевчанскиот карневал е „марш на српско-македонскиот фашизам“ и „славење на геноцидот“?!

„Срамната парада во Вевчани, кај Струга, овој месец, претставуваше марширање на српско-македонскиот фашизам, бидејќи на улиците во Вевчани се славеа масакрите во Хрватска и Босна и Херцеговина и геноцидот во Косово, извршен од српските четници. Таа парада беше марш на омраза од луѓе без совест, кои ги слават злосторствата против човештвото, крвта на децата, жените и невините цивили во Хрватска, Босна и Косово. Ова не е ‘комеморација’, туку славење на криминалот и варварството.“ – тврди Дритан Демирај од Албанија, во својата скандалозна колумна со наслов „Генералот Демирај: Аркан маршира повторно – српскомакедонскиот фашизам на улица, Албанците во молк“. Дритан Демирај е поранешен високорангиран и повеќекратно одликуван офицер во албанската армија, командант на нејзините специјални единици „Командоси“. Во 2017 гоина бил министер за внатрешни работи на Албанија. Тој е и доктор на науки по меѓународни односи и безбедност.

Македонска делегација запали вечен пламен во , ,Ваш Јадем” и разговараше за високи технологии

Благодарност за спасителите на жртви од Кочани и дебата за високо-технолошки практики за земјоделие и одгледување на земјоделски култури во многу специфични климатски услови

To top