Македонија

Мицкоски: Опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Ние повикуваме на национален консензус со месеци

Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но гледате, додека се бориме да ги вратиме изгубените позиции на меѓународната сцена, опозицијата не бира средства како од зад грб да ни забие нож, на тој начин да им се допадне на тие кои не ѝ мислат добро на Македонија, мислејќи дека повторно ќе имаат можност да бидат на власт.

Ова е дел од изјавата на премерот Христијан Мицкоски кој тој ја даде одговарајќи на новинарски прашања во врска со лицемерниот повик на опозицискиот СДСМ за формирање национален консензус за евроинтеграциите на земјава.

Во оваа смисла премиерот рече дека не може да го коментира тоа што тие го копираат од нив.

„Народот не е со кратко помнење и знае што се случи во седумте години додека беа на власт. Мислам дека опозицијата ја испушта својата можност да се консолидира, да се построи во редот на бранители на македонските интереси и на тој начин колку-толку да врати дел од кредибилитетот кој тие го губеа по две основи – распродавајќи ја Македонија и нејзините национални стратешки интереси и со многу крадење и криминал“, рече Мицкоски.

Во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во изминатата година има стагнација во македонските евроинтеграции, Мицкоски повтори дека власта се обидува да ги врати позициите кои во минатото биле оставени од сегашната опозиција, додавајќи дека политиката на лесно потпишани договори, предавства и како што рече, свиткан рбет, ја довела државата во моменталната ситуација.

„Она што го прави оваа влада и македонската дипломатија е да ги врати изгубените позиции, но и на светот да му покаже што се крие зад она кое порано беше кажувано како едноставна работа – да се промени Уставот и завршено е сè, ќе почне мед и млеко да тече по улиците и сè ќе биде перфектно, а во суштина не е така. Проблемот е многу длабок, ние само загребавме по површината и сè излезе, може и светот и македонските граѓани да видат за што станува збор“, додаде премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката Реплек.

 

Најнови вести од: Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top