Бизнис

САД почнаа да продаваат венецуелска нафта

Сите приходи се уплажаат на сметки под американска контрола во меѓународно признати банки, велат од Вашингтон

Соединетите Американски Држави почнаа да продаваат венецуелска нафта, а сите приходи од продажбата првично ќе бидат уплатени на сметки контролирани од САД во меѓународно признати банки, објави денеска Министерството за енергетика на САД.

„Ангажиравме водечки глобални трговци со стоки и клучни банки за да ја извршат и да обезбедат финансиска поддршка за овие продажби на сурова нафта и сурови производи“, се вели во соопштението.

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во рација во Каракас во саботата, САД продолжуваат да блокираат бродови под санкции покрај јужноамериканската земја.

Најнови вести од: Бизнис

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

Се доближуваме до целта – Македонија да стане извозник на струја

Според ВМРО-ДПМНЕ, со новите законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

To top