Македонија Бизнис

(Видео): Нема веќе „клати врата – земја плата“

Според Минчев дури 40 отсто од вработените во јавната администрација не работат или бараат начин да не доаѓаат на работа

Резидентното население во државава ќе биде основа на методологијата при вработувањата на лица од заедниците во јавниот сектор, вели министерот за јавна администрација – Горан Минчев. Министерот Минчев се пожали дека околу 40% од вработените во јавниот сектор не работат ништо, а се вработени токму поради непотизам, партиска и етничка основа. За таа цел, во јавната администрација ќе се воведе нов систем на оценување, дисциплинска одговорност и награди.

Министерот за јавна администрација, Минчев, ги презентираше клучните резултати и реформски потези кои, како што рече, ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор.

Од клучните преземени мерки тој ги издвои корекцијата на Балансерот, односно методологијата за пресметка на етничката застапеност во јавниот сектор.

  • Пресметката ја усогласивме согласно тогашниот актуелен Закон, врз база на реалната резидентна популација, а не по дотогашната пресметка на нерезидентно население, објасни Минчев.

Тој притоа соопшти дека дури 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа.

  • Тоа е мислам горе доле исто во сите институции. Една групација од 25, 30 отсто која го носи товарот на инстутуцијата и работи нон стоп. Втората групација од некаде 25 до 30 отсто која е вклучена во процесот но не го дава максимумот и третата групација која е 40 проценти и е резултат на партиски етнички роднински вработувања и не работи ништо или се обидува да не дојде на работа. Овие кои што не работат сакаме да ги вратиме во процесот, да ги едуцираме, да ги обучиме по нивна волја демократски да одберат каде да дадат допринос. Што значи нема веќе плата ако не работиш, порача Минчев – нешто чуено повеќепати досега, а не се применува.

Прашан за оптимизацијата на бројот на вработени во администрацијата, Минчев одговори дека поради висината на платата, се помал е интересот за вработување во неа.

  • Поради висината на платата, за која мораме да кажеме дека е несоодветна и мала, се соочуваме со тоа да нема интерес за вработување на млади во јавната администрација. Просекот на возраст е голем и се соочуваме со недостиг на кадар така што ќе дојдеме во ситуација во наредните 5 до 10 години да нема кој да работи, рече Минчев.

Иако се уште не е пратен предлог законот за соодветна и правична застапеност до Венецијанската комисија, Минчев се надева дека оттаму ќе го дадат своето мислење во брзо време.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Пред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Најнови вести

To top