Македонија

Колозова: Доста кукавте горди патриоти! Французите немаат проблем сирењето и виното да ги гледаат како елемент на идентитетот

Професорката контра бранот критики во Македонија за изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос

Како и многупати порано во слични ситуации, директорката и професорка на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, Катерина Колозова, застана во одбрана на евробирократите што го релативизираат македонскиот идентитет, како што тоа го стори еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Словенката ги наведе манастирите, како и погачата, пинџурот, тавче-гравчето и полнетите пиперки како дел од идентитетот што никој не може да им го одземе на Македонците, а Колозова не само што ја поддржа, туку и удри по „гордите патриоти“.

„Доста кукавте горди патриоти, Французите немаат проблем сирење и вино да ги гледаат како елемент на идентитет, а Германците пиво. Не бидете така кринџ-помпезни. Инаку, во студија од 2013, изведена на 1350 испитаници, храната Е НАВЕДЕНА како дел од македонскиот идентитет – во делот на отворените прашања, самите испитанци ја сугерираат. Побарајте ја студијата за перцепција на идентитетот, објавена на три јазици, преведена на 4, и цитирана сто пати, спроведена од наши истражувачи (на ИОХН-С), издадена 2013, и пак 2014 како комбинација на квантитативно и квалитативно истражување“, ги советува Колозова на Фејсбук сите што го осудија недипломатскиот тон на еврокомесарката.

„Значи, нема ништо покомично од овие што на своите лични профили и пишуваат писма на Марта Кос. Може некогаш ќе ги прочита и ќе се потресе. ‘Нивниот момент во историјата’, а историјата абер нема нит ќе има за овој клучен момент во нивните биографии. Барем на Куќен совет комшии ќе ги пофалат, и тоа е нешто“, ги исмеа таа сите што ѝ пишаа на Кос за да ѝ укажат за лизгавиот терен по кој се движеше во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мицкоски: Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани, изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите

И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично.

To top