Македонија

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид се сликаше како пали свеќа и најави дека Господ ќе го води напред

Вербата во Бога било исконското и она кое ќе го води напред.

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид Асен Шајн запали свеќа по изборот и најави Господ ќе го води напред.

 

,,Вербата во Бога е исконското и она кое ќе не’ води напред.

Со мудрост и чиста мисла, да го трасираме вистинскиот пат.

За многу години”, напиша Шајн објавувајќи слика на која што се крсти и пали свеќа.

 

Вчера според православниот календар беше Апостол Јуда, братот Господов.

 

Во објавата на СДСМ Охрид за кандидатот за градоначалник на Општина Охрид – д-р Асен Шајн се вели дека тој е човек со искуство, човек на кој може секој да се потпре, човек кој ќе ги ислуша грижите на секој еден охриѓанец и кој достојно ќе го претставува својот народ.

 

Тој верува во вредностите на СДСМ – еднаквост, правда, хуманост и напредок за секого поради што Социјалдемократски сојуз на Македонија е сигурен дека токму д-р Асен Шајн ќе донесе нова енергија, искреност и визија за Охрид, градејќи град по мерка на граѓаните, се вели во објавата на партијата.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top