Македонија

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

Квалитет, безбедност и добра производна пракса

„Реплек“ по петти пат ја потврдува својата усогласеност со највисоките европски стандарди за квалитет, безбедност и добра производна пракса. Најновото сертифицирање со EU GMPсертификатот е доказ за континуираната посветеност на компанијата кон унапредување на производствените процеси, што ја потенцира нејзината доверливост и професионалност во секоја фаза од производството. Новиот, петти по ред, EU GMP сертификат вклучува проширување на опсегот на производството со три нови форми, и тоа супозитории, вагитории, како и гранулати за орална употреба (сакети). Ова е потврда на континуираното проширување на капацитетите со нови фармацевтски форми, што е резултат на интензивни инвестиции во модернизација на производствените линии, примена на најсовремени технологии, како и постојано усовршување на вработените.

Во своите завршни забелешки инспекторите нагласија дека „Реплек“ демонстрира висок степен на зрелост во спроведувањето на добрата производна пракса, високо стандардизирани оперативни процеси, како и робусен систем за квалитет, што ја потенцира доверливоста и професионалноста на компанијата во секоја фаза од работењето. Сертификатот е веќе официјално објавен на дата базата наЕвропската агенција за лекови (EMA).

„Новиот EU GMP сертификат е потврда за нашата долгорочна посветеност кон квалитетот, иновациите и безбедноста на производственото портфолио. Проширувањето на опсегот на производство е резултат на континуирани инвестиции во технологија и знаење, како и на посветеноста на целиот тим на ‚Реплек’. Сертификатот е признание кое дополнително ја зацврстува довербата кај пациентите и партнерите, и ја потврдува позицијата на компанијата како современа, конкурентна и подготвена да одговори на најстрогите европски и меѓународни стандарди. Станува збор за признание кое е резултат на постојани вложувања во човечкиот капитал, експертизата на вработените и иновативните технологии“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Ваквата потврда ја зацврстува позицијата на „Реплек“ како сигурен и кредибилен партнер на европските и меѓународните пазари, истовремено реафирмирајќи ја континуираната посветеност кон примена на највисоките стандарди во сите сегменти од оперативнитепроцеси. Со новото сертифицирање уште повеќе се засилува стратешката поставеност на „Реплек“ на 450-милионискиот пребирлив европски пазар, каде што компанијата веќе пласира сериозен дел од своето портфолио. Овој европски GMP сертификат служи како референтен и за партнерите од голем број на останатитепазари, што значи дека се прошируваат можностите за пласман на производите на „Реплек“ и во тие држави.

Овој успех ја потврдува долгорочната стратегија на компанијата за одржлив и стабилен раст и развој, зацврстувајќи ја нејзината позиција на меѓународните пазари, каде што „Реплек“ пласира над 75 отсто од своето портфолио и продолжува да го зголемува својот удел преку висока доверба од потрошувачите. Континуираното унапредување на високите стандарди за квалитет и усогласеноста со европските регулативи се неразделен дел од корпоративната стратегија на „Реплек“. Квалитетот на производството се рефлектира и во финансиските резултати на компанијата за 2025 година, при што е постигнато значајно унапредување на профитабилноста, односно раст за 39% во однос на 2024 година.

Најнови вести од: Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера и денес учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите. На состанокот, со кој претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, во текот на вчерашниот ден обраќање имаше […]

Македонија меѓу лидерите по онлајн купувачи, но сè уште каска со вештачката интелигенција

Растот на е-трговијата сам по себе не е доволен и го отвора прашањето дали економијата е подготвена за следната фаза – е-трговија поддржана од вештачка интелигенција. ВИ веќе има клучна улога во онлајн трговијата преку персонализирани понуди, паметен дигитален маркетинг, оптимизација на логистика, управување со залихи и откривање измами.

Новиот Закон за пушење не е применлив кај нас, реагираат производителите на цигари

Двете држави се разликуваат по многу параметри. Во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура, чии одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, а во земјата активно работат и две фабрики за производство на тутунски производи, кои имаат голем удел во приходите на државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат македонски граѓани, се вели во реакцијата против новиот предког-закон.

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

„Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа.“ – изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сако Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

To top