Македонија

(Фото): Граѓаните на протест побараа дислокација на „Усје“, од компанијата велат дека работат исправно и чесно

Дислокација на фабриката „Усје“ надвор од градот, побараа денеска граѓаните на протестот на раскрсницата меѓу булеварите Борис Трајковски и Србија“ во Скопје, на околу 5 километри од центарот на градот. Како што рекоа организаторите на протестот, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, цементарницата континуираното го загадува воздухот во Скопје.

Граѓани и активисти денеска одржаа протест на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје, на околу пет километри од центарот на градот, барајќи дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од урбаното подрачје. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, која обвинува дека фабриката континуирано го загадува воздухот во главниот град. Група граѓани организираа предупредувачка блокада на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје, барајќи итни и конкретни мерки за чист воздух.

Според организаторите, во изминатиот период било истражувано работењето на цементарницата, при што, како што наведоа, станува збор за интернационална компанија со слични проблеми и во други земји. Петар Керамитчиев од „Стоп за Усје“ изјави дека, според нивните сознанија, странскиот капитал и раководството на компанијата наоѓаат „легални начини“ да го оправдаат загадувањето, што, според него, директно го загрозува здравјето на граѓаните и децата.

Од иницијативата порачаа дека денешниот протест е предупредување до властите и дека по празниците ќе следуваат нови протести и можни блокади на сообраќајот, доколку не се преземат конкретни мерки против, како што велат, големите загадувачи.

Неколку часа пред протестот, од „Титан Усје“ соопштија дека работењето на цементарницата е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Од компанијата информираа дека последниот инспекциски увид бил извршен на 18 декември, како и ненајавена контрола на 18 ноември, при што во двата случаи било утврдено дека нема отстапувања од законски дозволените лимити.

Од „Усје“ нагласуваат дека фабриката располага со високо ефикасен и комплексен систем на филтрирање, со околу 2.000 филтер-вреќи по филтер, кои ја задржуваат прашината и ја враќаат во производниот процес. Компанијата категорично ги отфрла тврдењата дека филтрите се исклучуваат, посочувајќи дека тие се неразделен дел од производната линија.

Според „Титан Усје“, податоците од мерењата покажуваат дека нема директна поврзаност меѓу работењето на цементарницата и загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Како аргумент наведуваат дека во зимските месеци, кога загадувањето е најголемо, печките често не работат поради редовни ремонти, додека во лето, кога работат со полн капацитет, квалитетот на воздухот е најдобар.

Компанијата поседува А-интегрирана еколошка дозвола и врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови со опрема од германски производител, а, како што тврдат, сите мерења покажуваат дека емисиите се под законски дозволените гранични вредности, што било потврдено и од независни лаборатории.

Иако многу пати сме ги изнеле фактите, во интерес на јавноста ќе потсетиме дека:

  • Споредбените податоци јасно и недвосмислено укажуваат дека лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје нема корелација со работата на компанијата. Имено, во дел од зимските месеци, кога амбиенталниот воздух во градот е со најлош квалитет, компанијата ги врши редовните годишни ремонти на печките и тие се исклучени. Обратно, во летните месеци, кога печките работат со полн капацитет, амбиенталниот воздух во градот е со најмало загадување. Резултатите од мерењата го потврдуваат овој факт.
  • Сите досегашни јавно достапни научни истражувања и студии покажуваат дека индустријата не е меѓу главните причинители на лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје. Потврда на тоа е и фактот дека загаденоста во овој период е голема и во други градови во земјата, каде што нема индустрија.
  • ТИТАН Усје поседува А – Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно оваа дозвола, УСЈЕ има обврска да врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови, согласно европските стандарди кои се транспонирани во националното законодавство.За таа цел, на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции, имаме инсталирано систем за мерење од германскиот производител SICK, кој е редовно калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании. Сите мерења континуирано покажуваат дека не се надминуваат законски определените Гранични  Вредности на Емисии (ГВЕ), а кај дел, вредностите се неколкукратно пониски од законски дозволените лимити – на пример, кај вкупната прашина најчесто три  до пет пати, а кај SO2 и неколку десетици пати пониски од дозволените.
  • На истите емисиони точки се прават и дополнителни контролни мерења што ги вршат независни лаборатории, а резултатите од овие мерења исто така потврдуваат дека нема отстапки од законски дозволените лимити.
  • ТИТАН Усје е современ индустриски капацитет со високо ефикасен, комплексен систем на филтрирање, каде во секој филтер има по 2000 вреќи кои ја запираат прашината,  која потоа се враќа во производниот процес и станува составен дел од финалниот производ.
  • Целосно се неточни тврдењата дека компанијата ги исклучува филтрите. Филтрите се неразделив дел од производната линијаодносно кога работат печките, задолжително работат и филтрите.

ТИТАН Усје ќе продолжи да работи согласно законските норми, со одговорен и транспарентен однос кон сите засегнати страни. Сите заинтересирани приватни и правни лица можат да дојдат и да ја посетат компанијата, но и да побараат дополнителни информации за нашата работа, технологија и мерките што се користат за да се обезбеди ефикасна заштита на животната средина.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба

Доста бевме „Македончиња“, треба да бидеме Македонци. Македонија има потреба од народ што верува во своите способности. Има потреба од институции што работат, економија што создава вредност, образование што создава знаење а не просечност, порача премиерот

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

Димитриевски: СДСМ е друштво во ликвидација и стечај, ликвидатор му е Филипче, а го координираат од Струмица!

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички лаги и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики, поради кои ја изгуби довербата на граѓаните. Тој оценува дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и другарите повторуват лаги како папагали – пензиите не се загрозени, буџетот не е празен!

Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги.Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Анри Барбис: Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци!

„Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ.“  – напишал Анри Барбис на во својата статија со наслов „Поробен народ“ („Un peuple asservie“), која е објавена на 28 јуни 1930 година во публикацијата „Монд“ број 108. Барбис е блескав француски писател, добитник на највисоки француски државни награди за вредностите на својата литература. Во „Поробен народ“ овој француски писател употребува директно за Македонците оригинални француски формулации „une nation“, „langue distincte“ и „originalité ethnique“, кои во францускиот политички и интелектуален речник од тоа време имале многу силно значење и означувале: посебен народ, посебен идентитет и различен, посебен јазик. Формулациите на Барбис „свој посебен јазик“ и „неоспорна етничка оригиналност“ се јасно признавање на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик среде интелектуална Франција и интелектуална Европа. Уште пред сто години, Барбис зборува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација.

Муцунски: Нема „северномакедонски народ, идентитет и јазик“, туку само македонски народ, јазик и идентитет, секое нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-расправата „ ЕУ и Западниот Балкан: заедничко решавање на недовршените работи“ во рамки на Дубровник- форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка, ако претставуваат мост кон полноправното членство. „Ако новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка, која ќе создаде трајна чекалница без врата кон целосно членство“, истакна Муцунски.

Најнови вести

To top