Хроника

Приведен мортус пијан возач од Неготино, кој удрил во објект во Велес и избегал

Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет лица за возење под дејство на алкохол, неготинецот рекордер со 3,15 промили

Министерството за внатрешни работи во изминатото деноноќие лишило од слобода петмина возачи поради управување моторно возило под дејство на алкохол.

„На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило  „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот. Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.

На 25.01.2026 во 01:22 часот на ул. „3 Македонска Ударна Бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.К.(39) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 во 21:55  часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода З.Н.(62) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,74 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 во 22:35 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода О.П.(46) од с. Селемли, општина Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „волксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал О.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта.

На 25.01.2026 во 01:43 часот на регионалниот пат 1109, Брана „Паљурци“, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода Д.Т.М.(46) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top