Македонија Бизнис

Што мислат странските гости за цените во Македонија?!

Во Охрид еспресо може да ве чини 150 денари, салати по 600 денари, помфрит 350 денари, рижото од 900 денари и слично. Вчера во медиумите имаше споредба дека еспресо во Скопје чини 150 денари, а во Софија 120 денари.

Странците кои сега се во Македонија или неодамна ја посетиле, велат дека цените кај нас се пониски за разлика од оние во другите европски земји каде претходно биле. Објаснуваат дека со нивните плати овде цените им делуваат прифатливи, но сфаќаат дека истите се високи ако се земат предвид македонските плати, објави Фактор. Споредено со јужниот сосед, според нив, овде поминале доста поевтино.

Во медиумите имаше критики дека во Охрид е скапо, за што укажаа и властите дека со пониски цени државата ќе има и повеќе туристи. Топка сладолед чини од 80 до 120 денари, просечната цена на пицата е околу 8 евра, а охридската цреша се продава по 300 ден за килограм. Поради високите цени на хотелските ол инкулузив понуди, досега соработката со Охрид ја откажале два тур-оператори од Холандија и од Полска.

Ги прашавме странците што мислат за цените во Македонија.

  • „Сфатив дека Македонија има прифатливи цени, особено откако дојдов тука од Италија и Грција. Луѓето беа пријателски расположени, а градовите беа чисти. Сè ми беше релативно прифатливо. Во споредба со Австралија, цела Европа е скапа, но тоа е поради девизниот курс. Но, скапо платив за храна и пијалоци во Грција и во Италија. Според мене, така е во цела Европа. Ги сакам необичните места, тие беа прифатливи со цени“, објаснува за Фактор Јоан Годинсон од Австралија која е во посета на Македонија.
Џон Јоханесен од Норвешка кој повеќепати бил во Македонија вели дека нашиве цени за него не се високи, но сфаќа дека за македонските граѓани многу работи се скапи.
  • „Забележав дека цените во Охрид се многу повисоки отколку во Скопјe. Цените се високи бидејќи таму има туристи од западна и северна Европа. Тоа го прават насекаде низ Европа, ги зголемуваат цените таму каде што има многу туристи. Истото важи и за Шпанија, Франција, Италија и така натаму. И за сите главни градови важи истото. Мислам дека цените насекаде беа ниски, барем за мене. Но, со просечниот приход на Македонците, можеби цените се високи. Кај нас во Норвешка кафето чини од 2.2 до 4.5 евра и мислам дека просекот е некаде 3.2 евра. Во главниот град на Норвешка кафето чини 4 или 5 евра,  и луѓето се жалат, но ние имаме повисоки примања. Влезниците во музеите ви се евтини, затоа што кај нас чинат 10-15 или 20 евра. Сум бил во повеќе места во Европа, но Македонија е најевтина. Мислам дека проблемот ќе настане ако Македонија има повеќе туристи, затоа што цените ќе се движат нагоре и тоа нема да одговара за граѓаните. Во Турција и во Грција таму каде има многу туристи, цените се доста високи“, рече Јоханесен.
Во Охрид еспресо може да ве чини 150 денари, салати по 600 денари, помфрит 350 денари, рижото од 900 денари и слично. Вчера во медиумите имаше споредба дека еспресо во Скопје чини 150 денари, а во Софија 120 денари.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

To top