Бизнис

Пари: Пресврт со позитивен финансиски исход, од Стопанска до АЛТА банка:

Од Банката нагласуваат дека резултатот е постигнат во услови на прудентна кредитна политика, со јасен фокус на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, зголемена наплата и активно расчистување на нефункционалните пласмани

Порталот пари.мк објавува анализа за Годината во која Стопанска банка Битола почна со едени гази и име а ја заврши со променета сопственост и ново име – АЛТА банка Битола со што стана дел од српската АЛТА Групација.

Се работи за чекор што, според менаџментот, ги поставил темелите за стабилизација и нов развоен циклус.

,,Транзициската и пресвртна 2025 година ја заокружи со позитивен финансиски резултат, остварувајќи нето-добивка од 40,6 милиони денари. Иако добивката е пониска во споредба со ланските 163,17 милиони денари, од Банката нагласуваат дека резултатот е постигнат во услови на прудентна кредитна политика, со јасен фокус на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, зголемена наплата и активно расчистување на нефункционалните пласмани. Годишниот план е реализиран со 44,93 проценти.

Кај нето-приходите од камати е забележано намалување од 22,2 отсто, при што износост е 359.898 илјади денари. Исто така, пониски се и нето-приходите од провизии и надоместоци, за 33,17 отсто, како што се наведува – главно поради намалените приходи и зголемените расходи за провизии кон добавувачите на услуги.

Од друга страна, нето-приходите од курсни разлики остануваат стабилни и позитивни, во износ од 19,57 милиони денари, и се речиси на истото ниво како и во 2024 година. Останатите приходи од дејноста бележат умерен раст од 1,42 милиони денари, односно 5,15 проценти, најмногу како резултат на зголемени приходи од дивиденди.

Значаен исчекор е направен кај управувањето со ризиците. Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 19,4 милиони денари, што претставува значително подобрување во однос на минатата година, кога оваа позиција била негативна со 21,14 милиони денари. Истовремено, загубата поради оштетување на нефинансиските средства изнесува 20,53 милиони денари, и е поврзана со издвоените загуби за оштетување на преземениот имот, согласно регулативата на НБРСМ.

На расходната страна, трошоците за вработените се намалени за 2,82 проценти. Останатите расходи од дејноста се зголемени за 3,91 насто, додека амортизацијата пораснала за 11 насто.

И покрај предизвиците, Банката во текот на годината остварила високи ликвидносни и капитални показатели. Стапката на адекватност на капиталот на крајот од годината изнесува 33,39 проценти, додека учеството на ликвидната актива во вкупната актива достигнала 49,92 проценти, нивоа кои се значително над просекот во банкарскиот сектор, истакнуваат од АЛТА банка”, се вели во анализата.

Според оценката силната капитализираност и високата ликвидност претставуваат клучна основа за долгорочна финансиска стабилност и за спроведување на најавените промени, со јасен фокус на дигитализација, иновации и унапредување на корисничкото искуство, во согласност со стратегијата на АЛТА Групата.

Најнови вести од: Бизнис

СЗО: Засладените пијалоци и алкохолот се премногу евтини – време е за повисоки даноци

Оваа препорака на СЗО доаѓа во време кога многу европски земји (вклучително и некои од Западен Балкан) размислуваат за нови или повисоки даноци на шеќер и алкохол како дел од националните стратегии за намалување на хроничните болести и финансирање на здравството.

Голем економски пресврт во Кавадарци – поранешниот гигант „ФЕНИ“ се рестартира, сите работници се враќаат во погонот

По години застој, кавадаречкиот комбинат за фероникел повторно ќе почне со работа. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави рестарт на поранешно „Фени“, сега под името „Golden Eagle“. Работниците ќе се враќаат постепено, а производството треба да стартува веќе напролет. Иако тусрскиот гигант Јулдирим кој пред две години ја купи фабриката, пред нова година се откажа од неа и ја изгаси печката, набрзо се случи пресврт.

Брисел попушта под притисокот на камионџиите – следната недела итна средба со министрите од Западен Балкан

Во новата Стратегија за визи, Европската комисија официјално за прв пат призна дека сегашните правила за престој во „Шенген-зоната“ не одговараат на реалните услови за работа на професионалните возачи на камиони од трети земји и најави воведување посебни решенија што би можеле да го решат долгогодишниот проблем на возачите на камиони.

(Фото): Божиновска со серија средби со амбасадори за иднината на енергетиката во Македонија

Во рамките на средбите министерката Божиновска разговараше со австрискиот амбасадор Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.

Како да се намали сметката за струја за дури 40%?!

За многу компании, промената на снабдувачот со електрична енергија и изборот на партнер како ЕДС претставува еден од наједноставните чекори кон поефикасно управување со трошоците – без ризик, без прекин во работењето и со јасна слика за потенцијалните придобивки.

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите на граничните терминали

„Макам-транс“ во објава на Фејсбук наведе дека се повлекуваат од блокадите, бидејќи со одлуката на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за промени и се заблагодари на сите кои, како што велат,  неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини.

To top