Македонија

Бизнис Е-пакетите од УНИБанка обезбедуваат значајни заштеди за компаниите преку СЕПА системот!

УНИБанка им нуди на компаниите практично и современо решение – Бизнис Е-пакети

Во услови на сè поголеми барања за ефикасност и оптимизација на трошоците, УНИБанка им нуди накомпаниите практично и современо решение – Бизнис Е-пакети.

Со избор на еден од Бизнис Е-пакетите, правните лица добиваат комплетна банкарска услуга која опфаќа одржување на сметка и електронско банкарство, како итрансакции со деловни партнери во земјата и странство. Со само една цена и на едно место, пакетите ги покриваат сите банкарски потреби и компаниите не мора да се грижат за поединечни трошоци за секоја трансакција.

Изборот на соодветен Бизнис Е-пакет од УНИБанка ви овозможува значителни заштеди – како на време, така и на средства. Во зависност од пакетот, на годишно ниво заштедите започнуваат од најмалку 17.000 денари, а можат да бидат и значително поголеми, во согласност со обемот на трансакции и видот на банкарски услуги што ги користите.

Дополнителна вредност за компаниите носи и приклучувањето на УНИБанка кон СЕПА, со што се овозможуваат пониски надоместоци и побрзи трансакции кон европските земји, што е особено важно за бизнисите со меѓународно работење.

Во понудата се вклучени различни пакети, чија месечна претплата започнува од само 690 денари, а кои одговараат на потребите на:

– Претприемачи, стартапи и мали компании со умерен обем на трансакции,

– Компании со поголем број дневни трансакции. Тие ќе ја препознаат вредноста на е-пакетот кој вклучува КИБС и МИПС трансакции во месечната претплата,

– Компании кои соработуваат со странски партнери, остваруваат девизни приливи и вршат девизни плаќања. За ваквиот профил на компании достапни се Бизнис Е–пакетикои обезбедуваат неограничени девизни приливи, различен обем на девизни одливи, со вклучени СЕПА трансфери, како и зголемен број на КИБС и МИПС трансакции.

Е-пакетите се дизајнирани да одговорат на различните потреби на бизнисите според нивниот обем на работа и тип на операции. Дигитално се достапни, без потреба од физичка посета на експозитура.

УНИБанка со креирањето на овие Бизнис Е-пакети уште еднаш потврдува дека е современа европска банка, партнер на бизнисите во секоја фаза од нивниот развој и која има капацитет да одговори на сите барања и потреби на своите клиенти.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top