Македонија

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Студентите кои сакаат да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година имаат уште неколку дена да аплицираат, информира Министерството за образование и наука (МОН). Рокот за поднесување на пријавите истекува на 5 февруари 2026 година.

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.

Од МОН посочуваат дека студентите кои ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат електронски да поднесат пријава преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Условите и критериумите за остварување на ова право се објавени на официјалната веб-страница на Министерството, на линкот:

https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina.

За дополнителна поддршка при аплицирањето, студентите можат да се обратат на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Истовремено, повторно може да аплицираат и студентите на кои претходно им било прекинато правото на субвенциониран оброк, доколку сметаат дека ги исполнуваат пропишаните услови, како и оние кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top