Македонија

МОН: Условите во „Стив Наумов“ се одлични, проблемите се надминати

Реконструкцијата е целосно завршена

Министерството за образование и наука остро одговори на критиките што ги изнесоа претставниците на Социјалдемократската младина на Македонија на прес-конференцијата посветена на условите во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Автокоманда.

Од МОН тврдат дека состојбата во домот е на високо ниво, а дел од пријавените проблеми ги квалификуваат како технички, додека другите ги припишуваат на несовесно однесување на самите студенти.

Реконструкцијата на објектот, финансирана со поддршка од Европската Унија, започнала во јули 2024 година и неодамна била целосно завршена.

Според Министерството, „Стив Наумов“ е првиот од деветте студентски домови што во текот на мандатот на актуелната Влада треба темелно и енергетски ефикасно да се реновираат.

Во реакцијата се наведуваат конкретни случаи што ги предизвикале проблемите: запушена канализација поради фрлање влажни марамици, активирање на алармниот систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка, како и поради запалена цигара во соба.

Посочен е и случај со откорнат радијатор, како и паркирање на автомобили на зелените површини во дворот на домот.

„Сите ситуации се надминати“, тврдат од Министерството, додавајќи дека објектот сè уште е под гаранција и дека изведувачот ги санира техничките недостатоци што се појавуваат.

Од МОН ја отфрлаат оценката дека условите се несоодветни и ги повикуваат претставниците на СДММ да го посетат објектот и лично да се уверат во реалната состојба.

„Условите во ‘Стив Наумов’ се одлични, а храната е согласно пропишаните нутритивни стандарди и тоа може да се види во секое време“, наведуваат од Министерството.

Во соопштението МОН упатува и остри политички критики кон СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека во текот на седум години власт не ги исполнила ветувањата за подобрување на студентскиот стандард, вклучително и најавената изградба на „студентски град“.

„Четири министри во време на нивниот мандат не успеаја да сврзат две цигли“, се наведува во соопштението.

Од Министерството сметаат дека критиките се обид за дискредитација на нивната работа и за поттикнување незадоволство кај студентите, а однесувањето на СДСМ го нарекуваат „лицемерие“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top