Македонија

OLED телевизорите и мониторите на Самсунг (Samsung) за 2026 година се компатибилни со NVIDIA® G-SYNC™ за елитно ниво на гејминг перформанси

Samsung OLED телевизорите и гејминг мониторите од 2026 година се G-SYNC компатибилни, поседуваат стапка на освежување од следната генерација и напредна технологија на екранот за ултра-глатко, извонредно гејминг искуство

Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави дека својата линија на OLED телевизори и новата генерација на Odyssey гејминг монитори за 2026 година се компатибилни со NVIDIA G-SYNC, овозможувајќи поглатко играње, за да се задоволат потребите на гејмерите и ентузијастите за врвни екрани.

NVIDIA G-SYNC технологијата овозможува стапката на освежување на екранот да се синхронизира со бројот на кадри (frame rate) на графичкиот процесор NVIDIA GeForce, намалувајќи ги дисторзиите и „сецкањето“ на сликата за беспрекорно визуелно искуство. Во моделите кои се G-SYNC компатибилни спаѓаат телевизорите OLED S95H, S90H и S85H, како и новите Odyssey G6 (G60H, G61SH) гејминг монитори.

„Нашата цел е едноставна: да овозможиме конзистентно одлично гејминг искуство, без оглед на тоа што играте или каде играте.“ – изјави Кевин Ли (Kevin Lee), Извршен Потпретседател на бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display) во “Samsung Electronics“. „Со новите иновации кај OLED телевизорите и гејминг мониторите, носиме повеќе моќ, прецизност и извонредност за секој тип на играч.“.

Поместување на границите на брзината со Odyssey G6

27-инчниот Odyssey G6 (модел G60H) поставува нов стандард за конкурентно играње игри како прв монитор што постигнува стапка на освежување од 1.040Hz, овозможена преку Dual Mode1. Оваа функција им овозможува на играчите да бираат помеѓу ултра-високи стапки на кадри во HD резолуција и вообичаен QHD перформанс до 600Hz, нудејќи ја јасноста и брзината потребни за динамични игри каде прецизноста е клучна.

За играчите кои им даваат приоритет на кинематографските визуелни ефекти, моделот Odyssey G6 (G61SH) поседува QD-OLED панел со QHD резолуција и стапка на освежување од 240Hz, со богат контраст и живописни бои. Со време на одговор од 0.03ms GTG2 и HDR10+ GAMING, овој монитор е идеален за оние кои сакаат извонредни визуелни прикази без жртвување на брзината.

Двата екрани се компатибилни со NVIDIA G-SYNC, овозможувајќи поглатко искуство при играњето без дисторзии на сликата, без разлика дали приоритет на играчите е екстремната стапка на кадри, високата резолуција, или пак двете.

 

OLED гејминг од следната генерација со кинематографски квалитет

OLED телевизорите на “Samsung“ за 2026 година се создадени за гејминг со високи перформанси. Моделите S95H и S90H поддржуваат освежување до 165Hz, додека S85H поддржува до 120Hz. Покрај тоа што се G-SYNC компатибилни, новата линија3 исто така поддржува и AMD FreeSync Premium Pro за стабилни HDR перформанси при играње на компјутери и платформи со конзоли.

Овогодинешната OLED линија го претставува и HDR10+ ADVANCED, формат кој ја подобрува осветленоста, контрастот и прецизноста на боите. За оптимално гледање, кај S95H и S90H е применета и Glare Free технологијата на “Samsung” која ги редуцира рефлексиите без да го компромитира квалитетот на OLED сликата. За повеќе информации, посетете ја www.samsung.com/mk/.

 

 

 

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

Сали: Во тесна соработка со европските партнери Македонија чекори сигурно и стабилно кон интеграцијата во ЕУ

„Во рамките на официјалната посета на Брисел, остварив важна средба и со Директорката за Западен Балкан Валентина Суперти. Разговаравме за напредокот на С.Македонија во Агендата за реформи и Планот за раст, со фокус на владеење на правото, дигитализација и јавна администрација. Сигурен сум дека со тесна соработка со нашите европски партнери С.Македонија чекори со сигурни и стабилни чекори кон интеграцијата во Европската унија.“ – објави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на својот официјален фејсбук-профил.

Манасиевски: Трендафилов одбива зголемување на платите на административците за 40 % по насока на СДС и Левица!

„Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците. Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што мора да возврати на СДС кои го поставија за претседател на ССМ. Тој заедно со неговите другари ја продолжија послушноста кон СДС, која ССМ ја има историски.“ – нагласи денес Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалникот на Ниш спречи филмски грабеж во аптека: На напаѓачот му ги одзел мачетата и лажниот пиштол

Според објавата на порталот на Инстаграм, вооружен напаѓач влегол со пиштол и со мачета барајќи пари. Инцидентот завршил без повредени, откако Павловиќ реагирал и го разоружал напаѓачот.

Д-р Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит, туку за научна соработка

Во проектот учествувале поранешниот директор на Институтот за судска медицина Алексеј Дума и д-р Горазд Росоклија, лекар со потекло од Македонија кој работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тоа ни овозможи размена на искуства со САД, вели д-р Дума

Прифатен предлогот на Мицкоски за раст на платите, договорена средба со УПОЗ на 5 февруари

Премиерот Христијан Мицкоски во четврток ќе оствари средба со Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ. -Откако премиерот даде понуда за раст на платите, синдикатот УПОЗ ја прифати и за неа треба дополнително да се разговара во рамки на синдикатите, дознава Курир. Претходно и синдикатот на Благоја Ралповски, КСС, ја […]

Димитриеска-Кочоска: Криминалот не смее и нема да биде исплатлив! – Незаконски стекнатиот имот ќе биде одземан!

„Нашата порака е јасна – криминалот не смее и нема да биде исплатлив. Со системски пристап, силни институции и јасна одговорност ќе создадеме услови нелегално стекнатиот имот да биде идентификуван, одземен и вратен во функција на општеството.“  – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

To top