Македонија

Лога: Државата треба да им помогне на Ромите со финансирање, за да добијат возачки дозволи

Во врска со протестите на дел од граѓаните од ромска националност, поради неколкуте одземени возила п, од причини на немање возачки дозволи, поранешниот министер за правда и поранешен член на АА Кренар Лога изјави дека „државата треба да им излезе во пресрет при нивното барање да полагаат возачки испити“.

„Секој од нас треба да го почитува законот без исклучок. Меѓутоа, пред да судиме и да предрасудуваме, оваа наша ромска заедница, која со години е оставена на маргините, треба да биде поддржана. Тоа воопшто не би претставувало трошок за државата или за општините (имајќи предвид дека речиси сите кандидати за градоначалник во своите програми имаа слична мерка) да го финансираат стекнувањето на возачка дозвола за овие мажи и жени, кои се грижат за и ги издржуваат своите семејства“, објави Лога.

Премиерот Мицкоски најави жесток одговор по вчерашните протести со палење оган поради „Безбеден град“, Тој побара од министерот Панче Тошковски итна и остра реакција против сите лица, кои ги нарушија јавниот ред и мир за време на протестите против „Безбеден град“.

На вчерашните протести во битолско и кочанско, група граѓани вчера палеа гуми, отпад и дрва, блокирајќи ги коловозите во знак на протест поради одземањето на возилата кои ги управувале без возачка дозвола. Жители на неколку ромски населби кои излегоа на блокадите изнесоа тврдења за наводна дискриминација, наведувајќи дека многумина од нив немаат завршено образование и затоа немале услови да полагаат за возачка дозвола.

Најнови вести од: Македонија

Психологот Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недостиг на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

(Фото): Премиерот го пречека претседателот на Европскиот совет во Владата

Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

To top