Македонија

Безбеден град е најдобар проект од независноста, да се смисли нешто и за другите криминалци

Да има закон и за тие кои крадат струја, крадат дрва, не плаќаат данок, го загадуваат воздухот, водата, земјата…

Проектот ,,Безбеден град” е добар но потребни се слични проекти и за сите други криминални проекти, смета актерот Владо Јовановски.

Јовановски смета дека проектот мора брзо да се прошири низ цела Македонија затоа што граѓаните каде сега се имплементира веднаш станаа разумни.

,,Чудно, одеднаш станавме совесни учесници во сообраќајот!
Барем повеќето …
Го подржувам проектот “Безбеден град”.
Се надевам дека што побргу ќе се прошири на целата територија на Р. Македонија. Ова е еден од нај добрите проекти од осамостојувањето до денес.
Мооореее, колку просветителски закон.
Без еволуција, одеднаш, од пред 3-4 дена многумина се вразумија и станаа пристојни.
Апел до владата да смисли нешто слично и за тие кои крадат струја, крадат дрва, не плаќаат данок, го загадуваат воздухот, водата земјата и.т.н. и.т.н.”, пишува Јовановски.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top