Македонија

„Сите имаат право на безбедни улици“: Тошковски на отворањето на Фондацијата „Фросина Кулакова“

Продолжуваме уште поодлучно, со засилена превенција, поголема одговорност и јасна грижа за секој човечки живот, порача министерот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека системот „Безбеден град“ има цел да се спечат трагедии како таа со Фросина Кулакова, во чија чест вечерва беше отворена истоимената фондација на која присуствуваше државниот врв.

„Вечерва присуствував на свеченото отворање на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што произлезе од огромна болка, но и од уште поголема сила да се спречат идни трагедии.

Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот.
Фондацијата носи важна мисија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, иницијативи за подобрување на законската заштита и поддршка на млади таленти.
Како министер за внатрешни работи, силно верувам дека секој изгубен живот на патиштата е опомена за сите нас. Моја обврска не е само да реагирам по несреќите, туку да направам сè што е можно тие да не се случуваат. Токму затоа, од оваа недела започнуваме со имплементација на системот „Безбеден град“, систем што пред сè има цел да спасува животи. Со современа технологија, доследна примена на правилата и поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот, градиме побезбедна средина за нашите деца, за младите и за секој граѓанин.
Секој непочитуван пропис може да значи загубен живот. Нашата цел е тоа да го спречиме.
Оваа вечер, посветена и на уметноста и модата, нешта што Фросина ги сакаше, нè потсетува дека зад секоја бројка во статистиката стои човечка судбина, семејство и иднина.
Во чест на Фросина и во име на сите млади луѓе кои имаат право на безбедни улици, продолжуваме уште поодлучно со засилена превенција, поголема одговорност и јасна грижа за секој човечки живот“, објави министерот на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top