Македонија

Мицкоски: Државата оваа година е поподготвена за справување со пожарите

Сакам да кажам дека овие возила кои денес ги промовираме, беа повеќе од осум години запуштени и незапалени и можам да кажам дека на овој начин државата заштедува десетици милиони евра

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила.

Тој во изјава за медиумите рече дека овие возила се во магацините повеќе од осум години, а по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт тоа се променило.

Можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари која е веќе во тек. Сакам да се заблагодарам на сите кои што учествуваа во оваа активност, почнувајќи од подпретседателот Димовски, министрите Мисајловски и Тошковски, градоначалникот Јанчев и Стојанов, директорот на ДЗС… Сакам да кажам дека овие возила кои денес ги промовираме, беа повеќе од осум години запуштени и незапалени и можам да кажам дека на овој начин државата заштедува десетици милиони евра, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека оваа недела од сервис ќе пристигне и вториот авион кој служи за гаснење на пожарите, а до крајот на овој месец и третиот.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top