Македонија

Минчев: Tехничка влада уште за следните парламентарни избори, па се укинува

Измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓаат во завршна фаза. Предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во гостување во ТВ Сител.

Министерот Минчев истакна дека процесот се водел отворено и сеопфатно, со активно вклучување и на опозициските политички партии. – На лидерската средба ова прашање беше отворено како една од главните теми. Иако постоеја различни ставови, ние постапката ја водевме максимално транспарентно, со можност и опозицијата да учествува во креирањето на законското решение – рече Минчев.

Тој појасни дека нацрт-верзијата на законот била доставена до сите координатори на пратеничките групи во Собранието, со рок за доставување забелешки и сугестии, од кои дел биле прифатени. – Прифатени се забелешките на опозицијата, односно барањата на СДСМ, дополнителните министри да бидат распределени во ресорите, кои тие ги предлагаа – нагласи министерот.

Како компромисно решение прифатено е техничката влада да важи уште за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или вонредни, а потоа целосно да се укине. Министерот нагласи дека предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа.

– Овој закон се донесува со 61 пратеник и без Бадентерово мнозинство. Сметаме дека 100-те дена техничка влада сериозно ја кочат силината на реформите. „Пржинската влада“ беше воведена во 2016 година за обезбедување правични и демократски избори, а по повеќе изборни циклуси со позитивни оценки, сметаме дека го исполни својот мандат и треба да остане во минатото – заклучи Минчев.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

(Фото+Видео): Ужасот над Зелениково, ноќеска од пожар спасени куќи, рече Ангелов

Околу 2 часот по полноќ пожарот над Зелениково веќе не бил далечна црвена линија на ридот. Огнот се приближувал кон последниот ред куќи, а една вознемирена жителка побарала помош од директорот на ДЗС. Во такви минути нема простор за административно префрлање од телефон на телефон – или некој реагира веднаш или растојанието меѓу пламенот и домот станува опасно кратко.

To top