Свет

Зеленски најави претседателски избори и референдум

Украинскиот претседател ќе ги објави плановите за претседателски избори и референдум на 24 февруари

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера да ги објави плановите за претседателски избори и референдум на 24 февруари, објавија Ројтерс и Фајненшл тајмс, повикувајќи се на украински и европски претставници вклучени во планирањето.

Минатата недела беше објавено дека според рамката што ја дискутираа американските и украинските преговарачи, секој мировен договор ќе биде ставен на референдум од страна на украинските гласачи, кои истовремено ќе гласаат на национални избори, додавајќи дека официјалните лица разговарале за можноста за одржување на националните избори и референдумот во мај.

Украина веќе започна со планирање на претседателски избори, заедно со референдум за можен мировен договор со Русија, објави денес Фајненшл тајмс, повикувајќи се на украински и западни претставници запознаени со ова прашање.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top