Македонија

Соопштени имињата и на други кандидати за градоначалници

Настапуваме со понуда за чесни и некомромитирани вредни кадри за општините и ќе излеземе со јасна визија и програма за развој на секоја општина, рече Мицкоски

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври.

Одлуката ја соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, истакнувајќи дека се темели на анкетите кои покажуваат дека Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ, а како градоначалник покажал резултати.

Утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.

-Настапуваме со понуда за чесни и некомромитирани вредни кадри за општините и ќе излеземе со јасна визија и програма за развој на секоја општина, рече Мицкоски.

Претходно беа објавени кандидатурите за 33 општини кои владејачката партија ги утврди на седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Пука обединетиот европски фронт против Трамп – се разоткриваат старите линии на внатрешниот расцеп во ЕУ

„Лидерите на ЕУ се подготвуваат за големи борби околу прашања, кои се движат од заеднички одбранбени проекти до економски реформи, но обидот за олабавување на зависноста на Европа од Америка на Доналд Трамп открива длабоки поделби меѓу 27-те земји на блокот. Обновената желба да се намали зависноста од Вашингтон ги исфрла на површина познати несогласувања пред самитот на лидерите на ЕУ во четврток.“ – објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во анализата со наслов „Настојувањето на Европа да оди сама ги разоткрива старите линии на нејзиниот внатрешен расцеп и на грешките“.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top