Македонија

Конструктивни разговори со ЗНАМ, очекувано продолжување на соработката со ВРЕДИ

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите имаат добра соработка

Разговорите со ЗНАМ за настапот на локалните избори се водат во прилично конструктивна атмосфера, кога ќе имаме конкретни детали ќе ги соопштиме во јавноста, вели премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е логично да продолжи и соработката со останатите коалициски партнери Вреди за претстојните локални избори.

-Разговорите со ЗНАМ се водат во прилично конструктивна атмосфера, ќе има или Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кандидат за градоначалник или политичката партија ЗНАМ, а листите за советници ќе бидат посебни. Тие ќе си настапат со свои советнички листи и Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со свои советнички листи. Кога ќе има конкретни детали, тогаш ќе излеземе во јавност, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција пред седиштето на партијата.

Прашан како одат преговорите и со останатите коалициски партнери за претстојните локални избори Мицкоски рече дека се во коалиција со Вреди во Владата и логично е таа соработка да продолжи и на следните локални избори.

– Затоа што сум убеден дека онаа политичка сила кај Албанците, која што повеќе од 20 години се богати на грбот на македонските граѓани и пред се на Албанците, онаа политичка сила која што наместо да направи добро за Албанците и за останатите граѓани во Македонија, таа правеше добро за себе. Недалеку од овде купуваше трговски центри, дуќани, го зголемуваше својот возен парк, формираа фирми преку ноќ, кои што добиваа тендери. Онаа политичка партија која што повеќе од 20 години ги опустошуваше градовите во Македонија, како што е случајот со Гостивар, од 85 на 59 илјади, треба да биде поразена и да замине во минатото и мислам дека овие локални избори се одлична можност тоа да се случи, изјави Мицкоски.

Прашан за можна кандидатура на Изет Меџити во Општина Чаир, Мицкоски рече дека немаат разговарано на таа тема.

-Со Меџити соработуваме на дневна основа, работиме, се слушаме, разговараме, тој е еден од моите најблиски соработници во рамките на Владата. Секако тој одлучува за својата политичка служба во иднина, така што во овој момент немаме разговарано на таа тема околу кандидатурата за Општина Чаир, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): „Вардариште“ како гасна централа – Што всушност дишат скопјани?!

Главоболка, печење на очите и грлото стана секојдневие, се жалат скопјани. Жителите кои живеат во близина на депонијата „Вардариште“ алармираат дека ноќе се приморани да бидат во затворени дома, но смрдеата навлегува и внатре во собите. Лекарите велат се е бадијала.

Дали ќе се казнуваат пешаци кои одат со слушалки во ушите?!

Нема повеќе безгрижно шетање по улица со слушалки или зборување на мобилен телефон додека преминувате улица – Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кои внесува ригорозни измени и за пешаците, но и велосипедистите и возачите на електрични троитнети.

Сиљановска-Давкова: Хидробиолошкиот завод е првата линија на одбрана во борбата против исчезнувањето на видовите, загадувањето на водите и климатските промени

Пастрмката да опстане во Охридското Езеро, Преспа да продолжи да биде дом на ретките птици, Дојран да го сочува рибарскиот дух, а Хидробиолошки завод да слави и по следните 90 години

To top