Македонија

Данец повреден од лавина на Попова Шапка

По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје

Скијач од Данска бил повреден при лавина на местото Церипашина, на Шар Планина, вчера, соопшти полицијата.

Полицијата вчера во 1:50 часот добила пријава за повредено лице на Попова Шапка.

„Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал.

По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Опасност од лавина на Шар Планина!

 

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top