Свет

Не праветеја истата грешка: „Епл“ со важно предупредување до корисниците на Ајфон

Apple препорачува уредите да се полнат на тврда и рамна површина, со добра вентилација, како и да се избегнува нивно покривање со ткаенина или други материјали. Дополнителен ризик претставува користењето неквалитетни или неоригинални полначи и кабли, кои можат да предизвикаат прегревање, краток спој или други безбедносни проблеми. Затоа, се советува употреба на оригинална или сертифицирана опрема.

Apple упати важно предупредување до корисниците на iPhone во врска со навиките при полнење на уредите за време на спиењето, нагласувајќи дека одредени практики можат да носат безбедносни ризици, особено во слабо проветрени услови.

Компанијата појаснува дека иако современите iPhone уреди користат напредни системи за управување со полнењето и нема опасност од „преполнување“ на батеријата преку ноќ, реалниот ризик доаѓа од создавањето топлина. Литиум-јонските батерии природно се загреваат за време на полнењето, а ако телефонот е оставен под перница, во кревет или во затворен простор без циркулација на воздух, топлината може да се задржи и да доведе до прегревање.

Apple препорачува уредите да се полнат на тврда и рамна површина, со добра вентилација, како и да се избегнува нивно покривање со ткаенина или други материјали. Дополнителен ризик претставува користењето неквалитетни или неоригинални полначи и кабли, кои можат да предизвикаат прегревање, краток спој или други безбедносни проблеми. Затоа, се советува употреба на оригинална или сертифицирана опрема.

Најнови вести од: Свет

Меѓусоседски спор не може да биде пречка за влез во Унијата

Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален документ (нон-пејпер) го посочија спорот меѓу Хрватска и Црна Гора како пример за билатерално прашање што го забавува пристапниот процес на кандидатите за членство

To top