Хроника

Мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски и избега оди во притвор

Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка

Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ, 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје – Скопје, информираше попладнево Кривичниот суд.

Одлуката следува по жалбата од Обвинителството за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл, за кој Основното јавно обвинителство Скопје на 4 јули отвори истражна постапка, а го сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Од Обвинителство, исто така, информираа дека кај нив лицето е евидентирано со една пресуда за насилство како малолетник и една за непочитување на здравствени прописи во време на ковид-кризата.

Осомничениот, како што претходно објави Обвинителството, на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел, по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

-Иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, осомничениот се согласил со нејзино настапување и кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото, информира ОЈО Скопје.

За осомничениот Обвинителство бараше притвор поради тоа, како што велат, избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен, што за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода. Освен тоа, како што велат од ОЈО Скопје, станува збор претходно осудувано лице, кое и на критичниот ден направило две кривични дела едно по друго, што упатува на опасноста тој да го повтори делото или да стори друго кривично дело.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

Полицајците двапати го апселе кавадарчанецот К.М. (34) во еден ден, откако бил фатен без возачка дозвола!

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит.

To top