Македонија Бизнис

Како ќе влијаат глобалните случувања врз компаниите што работат во Македонија?!

Царините што ги воведе Трамп имаат делумно влијание и тоа главно врз фирмите што извезуваат директно во САД, додека евентуалните дополнителни 10 отсто за земјите од БРИКС што ги најави американскиот претседател, нема директно да се одразат врз глобалните текови.

Глобалните случувања ќе влијаат врз компаниите што се во земјава, но и врз нивните одлуки каде и како да ги пласираат своите производи, оцени денеска претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо. Според него, царините што ги воведе Трамп имаат делумно влијание и тоа главно врз фирмите што извезуваат директно во САД, додека евентуалните дополнителни 10 отсто за земјите од БРИКС што ги најави американскиот претседател, нема директно да се одразат врз глобалните текови, ниту врз странските бизниси кај нас зашто тие, пред се, работат за европскиот пазар.

  • Многу поголем ефект тука има врз компаниите што работат во автомобилската индустрија, каде крајниот европски производ треба да се извезува во САД. Од она што го гледаме, се уште за автомобилска индустрија, тие царини се 25 проценти. Тие, како што гледам, засега нема да се менуваат и тоа е индиректно влијание. Но, она што ние го гледаме не е толку локалната работна сила, туку многу повеќе, кои се случувањата на глобално ниво. Во однос на најавата за БРИКС, ако не се лажам, пред нецел месец, во Кина царинската стапка беше над 150 проценти. Тој баланс некако сега се воспостави помеѓу САД и Кина. Така да, сметам дека веднаш да мислиме дека ова директно ќе влијае врз глобалните текови, не. Тоа треба да има некој начин на урамнотежување што ќе се случи во следниот период. Но, тоа директно нема да влијае толку кон странските компании кај нас, бидејќи тие пред се, работат за европскиот пазар – подвлече Мизо.

Според него, многу е важно дали конфликтот во Украина ќе продолжи.

  • Важен е целиот процес на синџирите за добавување, потенцијални други видови трговски бариери визави Кина ќе бидат воспоставени. И односите, САД визави Кина, Европската Унија со Кина, бидејќи сето тоа ќе влијае директно на компаниите што се тука лоцирани и како и каде тие ќе ги пласираат своите производи. Околу работната сила, во предлетниот период како што знаеме сите, имаме голем број наши работници кои одат во различни земји низ Медитеранот, пред се во Хрватска. Но, сметам дека најголем дел од компаниите од производствениот сектор се справуваат со тоа, бидејќи ова не е само нешто што се случува оваа година. Така што успеваме да ги пребродиме тие активности, нагласи Мизо.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

To top