Спорт

Ивановски во идеалниот тим на Универзитетското тениско првенство на САД во сала (ВИДЕО)

Дебитантот на турнирот од Македонија му го донесе победничкиот поен на Универзитетот Тексас во финалето против Охајо Стејт

Калин Ивановски се најде во идеалниот тим на Универзитетското тениско првенство на САД во сала како најдобар втор рекет и дебитант во изборот на тренерите на тимовите што учествуваа на турнирот во Далас.

Најдобриот македонски тенисер признанието го заслужи со тоа што во финалето против вториот носител Охајо Стејт му го донесе решавачкиот поен на осморангираниот Универзитет Тексас за тримфот од 4:2 и за првата шампионска титула по неуспехот во првиот обид во 2023 година.

Откако го пропушти осминафиналето поради повреда, Ивановски потоа ги доби сите три сингл-мечеви, вклучувајќи го и тој во финалето над Престон Стирнс со 7-5, 6-4, предизвикувајќи еуфорија меѓу соиграчите и навивачите:

 

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top