Македонија

Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи

Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.

Преку зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради екотуристичка понуда, која ќе ги поврзува винарниците, културните знаменитости и стопанствата. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на работилница во Кавадарци.

  • „Денес во Кавадарци се одржува значаен настан посветен на идниот развој на нашата општина. Работилница за стратегија за еко-туризам на општина Кавадарци, на која покрај градоначалникот Митко Јанчев учествуваат и Армен Григоријан постојан претставник на УНДП во Македонија и Севак Ховханисјан лидер на тимот на Цивита“, вели градоначалникот Митко Јанчев.

Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.

  • Иако веќе препознаено како винска туристичка дестинација, денес ја презентираме финалната верзија на Стратегијата за развој на туризмот – документ изработен низ инклузивен процес со работилници, консултации и активна вклученост на заедницата и приватниот сектор.Оваа стратегија ќе овозможи нови работни места, збогатување на туристичката понуда и продолжување на престојот на посетителите. Продолжуваме заедно да го градиме Кавадарци како зелена, одржлива и иновативна дестинација“, вели градоначалникот Митко Јанчев.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Муцунски: Идејата за уставни измени стана политички токсична, бидејќи се направија премногу отстапки!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски порача дека Македонија заслужува предвидлив и доверлив пат кон полноправното членство во Европската Унија, оценувајќи дека граѓаните се уморни од постојаното „поместување на стативите на голот“. Оваа изјава тој ја даде за денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“. Притоа Муцунски истакна дека „идејата за уставни измени станала политички токсична“, поради, како што истакна, „премногуте направени отстапки“, а од друга страна и сомнежот дека Бугарија ќе поставува нови барања во иднина.

To top